ПЕАТ ОД ДУША САМОУКИТЕ

Машкиот хор во црквата Свето Благовештение

Horot od Stara Crkva

Ја збогатуваат молитвеноста и благолепието на православната служба на секој празник во црквата Свето Благовештение. Со пеењето, самоуките членови на машкиот хор се украс и збогатување на светите и божествени литургии. Произведуваат музика што не се пее само од стомак, туку од срце, од душа. На празниците им даваат подлабоко доживување. Под диригенство на Диме Иваноски (73), дваесеттината прилепчани, почитувачи на верата и православието í даваат побогата празнична нота на црковната церемонија. Нивните гласови, иако се самоуки и без музичка наобразба, успешно ги координира две децении диригентот Диме Иваноски. Оние што ги слушаат в црква, чувствуваат дека им ги чистат и душата и умот. Тие се продолжувачи на традицијата од 1917 година. Машкиот хор е историја на Стара Црква.  Минале генерации и генерации. Броел дури 150 членови, а сега најупорни се 18 хористи, со подмладок од 6-7 момчиња.

Диме Иваноски ја наследил диригенстката палка од Мојсо Зојчески во 1991 година, а пеел во хорот од 1965 година.

hor 1

– Кога ќе добиев температура, веднаш ми поминуваше откако ќе ме однесеа во црквата Свети Димитрија во Селце. Од 1951 година со татко ми и мајка ми секогаш одев в црква. И моите родители пееа во хорот во Параклис. Во 1962 година свештеникот Алинчанец попот, инаку зет за сестра, ме кандиса да пееме.. И сватот, брат му, по една недела и тој дојде. Од 1965 до 1991 година пеев во хорот. Ми летаа нозете кога одев, оти пеев од срце и од душата. Ни за пари, ни за ова-она. Господ нé тераше да одиме. Кога почина диригентетот Мојсо го презедов хорот во 1991 година. Ако не сум јас, нема кој да му диригира. Интонацијата ја научив. Членовите на хорот ги носи Господ. Не ги бараме. Спрема гласот ги редам кој кај треба да стои. Сега сме 18 души, а бевме 30,. Постарите изумреа. Најубави години беа од 2000 до 2012-13.  Редовен хорист беше Димитрија Гарбески – Берберот. Умре на 95 години.  Постарите беа Рампо тенекеџијата, Малако, Трајче ортомџијата, Мирко, Јовко Буштре, Перо Ракиџија…- објаснува Иваноски.

Иако 36 години работел како службеник во полицијата, имал гласовни спсообности и знаење за црковното пеење.

– Гласот ми е дарба од Господ. Имам слух и знам кој каде треба да застани. Ука имам и од родителите, од мајка ми Блага која беше алт и немаше поарна од нејзе и од татко ми Методија. Ми ја оставија книгата Евангелија Софронија. Тоа се ретки 3-4 книги кои ги има во Македонија. Пишувана е на старославјански. Секој празник пееме. Се воздигнувам со пеењето. Со душа чекам да дојде празник и да пееме. Со хорот, литургијата е поарна, отколку од певница со двајца-тројца. Друго е кога пеат 18 души. Важна е интонацијата што ја дава попот оддолу. Се следиме и се поддржуваме. Ако попот нема глас, го знаеме кој е, што е. Според него ја тераме литургијата и го ,,покриваме,, – вели Иваноски.

Атмосферата ја збогатуваат. Луѓето им се восхитуваат. Негува надеж дека хорот ќе опстани, бидејќи има подмладок.

– Црквата не ја бидува без хор. Тој е душа на храмот. Сега членуваат Борче, Љупчо Алинчанец, Љупчо Талески, Жарко, Блаже Алинчанец, Киро Апостолоски, Стојан, Пеце Џулијано, Митко… По занимања се различни, но ги спојува желбата за пеење. Млади деца се Антонио, Жарко Михајлоски и други. Ќе ми простат сите што не ги споменав. Хорот имал убави години. Сега сме во задоволувачка фаза – вели Иваноски.

Нема да престане. Ќе пее во хорот дури го држат нозете. Сака младите да ја почитуваат црквата и првите две Христови заповеди – да љубат само еден Бог и други да немаат и да љубат братот свој како самиот себе си. Луѓето да се сакаат и да не прават лошо еден на друг.

Pece Dameski 1Пеце Дамески – Џулијано

ВЕРБАТА ПОМАГА

Еден од членовите на хорот е и Пеце Дамески – Џулијано.

– Одам в црква од 12 години. Веќе 43 години. Црквата учи да не одиме на лош пат. Многу убаво се чувствувам. Треба да се почитува верата, и постот да се држи. Се причестувам. Нема зијан, само придобивка може да се има со следење на пораките на верата. Во хорот самоиницијативно се вклучив пред 15-17 години. Имам убав глас. Се запознавме со Диме, ме сослуша и рече дека сум добар баритон. Чувството е убаво. Не се оди само за пеење, туку и за спроведување на добри дела – да не им се мисли лошо на луѓето. Се однесувам според црковните правила. И децата ги учам да правата добри дела, да ја почитуваат религијата. Текстовите не ги читаме додекапееме. Ги знаеме напамет. Хорот е составен од аматери, самоуки луѓе. Мелодично звучи. Си пеам и дома. Слушам  црковни песни секое утро. Без молитва не излегувамДома се молам пред кандило. Тоа е света и убава работа, благослов за куќата. И Господ помага. И јас помагам. Преку 40 деца сум научил пекарскиот занает. Не сум себичен. Секој ден делам бесплатна храна. Се чувствуваш убаво, душата ми се полни од делење на арно. Давам од срце – вели Дамески.

ТРАДИЦИЈА СТАРА ЕДЕН ВЕК

hOR

На 25 декември 1917 година, пред век, на денот на Св. Спиридон Чудотворец, бил формиран машкиот црковен хор во црквата Св. Благовештение (Стара црква). Основач бил рускиот полковник Иван Крижински, кој бил диригент во руски црковен хор со посредство и припомош на јеромонахот од манастирот Св. Богородица – Трескавец.

Ostana peac do98 godini - Stevan StargoskiПЕВЕЦОТ ШТАРГОСКИ

Скромниот псалт Стеван Штаргоски е црковна историја. До 98 години беше редовен в црква, секое утро и квечерина на певницата во храмот Свето Благовештение. Прилепчани го знаат како еснаф, бакал цел живот, чаршузлија и фиљан човек. Неговиот глас беше придружба на црковните служби. 

Loading