Фељтон: Томе Велјановски (57)
Томе Велјановски кој живее во Гетеборг во Шведска, собрал записи и сеќавања и за писменоста во неговото родно село Марул. Во желбата да останат сочувани, спомените за периодот кога тој се образувал, ги поткрепува и со фотографии. Неговите белешки ги пренесуваме автентично, односно онака како што тој самиот ги прибележувал, со сите правописни и граматички пропусти.
Претходно, на страниците на неделникот “Зенит” тој пишуваше за лицата кои животот го положиле за татковината, за животот во селата Марул и Клепач.
Во селската работна задруга Велјан Новачески покрај останатото имаше и хуманитарна помош. Тошеска Божиница Доста беше природно алипна, не беше способна за полските тешки физички работи. Управата на колективната задруга и додели на Божиница Доста полесна работа, да ги мети колективните трла и карди и да тера на овците кога се молзат преку летниот период, а за таа нејзина работа Божиница добиваше цела дневница. А додека се лупеа пченките и чукаа сончогледите Божиница Доста стално беше присутна и често пати беше замешана во песни по другите пеачки кога се изведуваа овие работи.
Прославата на Први мај под врвот Веслец во 1951 година од страна на марулските трудбеници
Во чест што почна припремата за градба на задружниот дом на средселото, Управата на селската задруга донесе едногласна одлука за прославување на меѓународниот ден на трудот Први мај во с. Марул да се прослави горе под врвот Веслец.
Управата за добиениот број на присутни на прославата спреми јадење и пиење, ракија, вино и млеко. Јагнињата во тепсиите беа испечени утрото. Имаше два начини за печење јагнешко месо. Печено јагнешко месо чисто само месо и јагнешко месо со ориз и кромид со перја. Една фурна топол пресен леб, повеќе стомни со вода и две канти со пресно млеко и една канта со подквасено овчко млеко.
Сите овие наведени прехранбени работи беа товарени на повеќе магариња заедно со сервисите за јадење како тањири и лајци, вилушки, котли за вода топлење. Јагнешкото месо беше товарено во седишта во самарите на магарињата. А додека млекото беше товарено на коњот од Василоски Милан Борачо. Имаше доста присутни луѓе на прославата од најстари до најмлади деца кои броеа близу 30 деца. Патот за патување на Веслец беше одреден над село нагоре по Крушка калуѓеро под столовите на вртешките над трненките и над дробениот камен на рамништето беше растовариштето за прославата на Први мај.
Петрески Димитрија Бабјак како младоженец пред неполна година ја носеше сопругата си Драгица, сестрите Весела и Зора, братот Крсте и таткото Петре. Танески луѓе беа Петра, Илинка, Тоде, Ќиро, Богоја, Стева, Горица, Сребре, Стева, Ванѓеловци, Бабјаковци таткото Ванѓел, Митре, Томе, Раде, Петкана, Бошевци Горица, Милица, Лоринка, Трајче, Мурџевци Илинка, Алтана, Благуна, Марија, Колевци Благоја, Најденка, Траенка, Павлевци Аце, Мирко, Коле, павле, Борис, Јованче со децата и внуката. Николовци младата домазетица Божна со момчето Стојан. Јолевци Благоја со сестрите катерина и Ракида. Василоска Тодорка, Јованоски Божидар, Василоски Петре, Котески Ќиро, Дамјаноски Марија и Слободанка, Таневци Пауна, Грозда, Илинка, Ѓурѓа, Спасија, Васка, Петра, Милица. Богдановци Најденка и Драгана. Ова се однесува за младите девојчиња и момчиња. Додека возрасните не се броени деца, ги имаше близу триесет. Од фамилиите Димитријовци, Илијовци и Стевановци немаше присутни поради младешки смртни случаи.
Фамилиите на Марија Мурџеска и на Петра и Милица не беа влезени во колективот, никој не правеше замерка, тие си беа со своето секојдневно друштво. Оваа средба, прослава беше за привлек на младината и децата за воспитување во новиот работнички труд.
Сервирањето за гозбата на прославата беше одадено на младите девојчиња и момчиња. Прославата беше богата со песни и ора проследени со повеќемина гајдаџии со нивните гајди, на Велјаноски Благоја, Јованоски Димитрија, Петревци Бабјаците Ванѓел, Алексо, Ванчо и Димитрија, Павлески Јованче и Танески Димко. Веслец се тресеше од џагорот на децата и од музиката, песните, ората предводени од Петре Бабјак кој играше целиот ден бос по чорапи. При крајот на веселбата со коњот од Милан Василоски се донесоја две млекарски канти вода од кладенецот од Боро. Водата ја стоплија во два котли носени специјално за таа намена и во неколку леѓани беа измиени сите садови од гозбата од вилушки, лајци и ваганки, тепсии и ред други работи за чисти да му ги вратат од каде беа позајмувани. За нас децата беше многу интересно што за прв пат од Веслец го видовме нашето село Марул и околината. Имаше деца што се плашеа од висината за да се затркалаат, лазеа при прошетка на сртот под масивот на Веслец со висина од 1322 метра надморска висина. Уште поинтересно беше поднапиените Јанкоски Китан, Јованоски Цветан, Јолески Благоја и Павлески Јованче на идењето за дома од под дробениот камен застанаа во трнките, во жбуновите. Денот Први мај, прославен во 1951 година на Веслец заврши во мир и остави вечен спомен, впечатокот кај присутните гости како величествен празник.
Продолжува