Се интензивира реконструкцијата на булеварот ,,Гоце Делчев,,. Поставена е урбаната опрема, уредени се жардинериите со садници и асфалтирана е велосипедската патека од кружниот тек ,,Карпалак,, до поранешната Градска кафеана.
Булеварот има четири коловозни ленти, по две во двете насоки, тротоари со гранитни плочки, велосипедски патеки и тактилни ленти за слепите лица, ново осветлување и светлечки зебра, свелечки пешачки премини.
Паралелно, стартува реконструкцијата на делницата до раскрсницата пред ЦК ,,Марко Цепенков,,.
Тече и обвновата на улицата ,,Прилепски бранители,, од Градската кафеана до кружниот тек кај Поштата.