ЈОВАНОСКИ ГО ЧЕСТИТА ПОЛНОЛЕТСТВОТО НА МАТУРАНТИТЕ

Градоначалникот Илија Јованоски упати честитката до 673 матурантите за завршувањето на средношколското образование.

Пандемијата на Ковид-19 во голема мера го лимитираше традиционалниот начин на одбележување на овој исклучително значаен момент од живот. Меѓутоа, ништо не може да го намали фактот дека, покрај сé, вие сте нашата младост, енергија и украс на општеството.  Со многу верба во себе, со упорност и посветеност во понатамошното надоградување на вашето образование, посакувам вашата генерација да биде носител на развојот на општина Прилеп и на Република Северна Македонија.

Успешно чекорете по животните патишта. Сите идни предизвици совладувајте ги со знаење и разбирање. Ние повозрасните ќе ви помогнеме да ги отстраните субјективните пречки што ќе ви се најдат на патот. Почитувајте ги мултикултурните вредности, почитувајте го секој човек и различните од вас. Бидејќи вие, матурантите, ја имате моќта да го менувате светот и да го направите поубаво место за живеење.

Честитајќи ви го матурирањето со желби за добро здравје, среќа и успех во натамошниот живот, ви посакувам добредојде во светот на возрасните. Бидете гордост на вашите родители, на вашите семејства и на целото општество. Урнете ги сите бариери, дајте им шанса на вашите неограничени можности!

Loading