САГРАДА ФАМИЛИЈА Е СИМБОЛОТ НА БАРЦЕЛОНА

casa-Mila-Barsa

Топ локации кои е нужно да се видат при престојот во чудото од град, Барцелона. Секогаш атракциите се премногу и не се согласуваат со времето на патувањето. Сепак не треба да се пропуштат нај-нај.

Првин се истражува објектот на Саграда фамилијата. Тој е препознатлив симбол на Барселона. Еден од најнеобичните објекти во Европа. Спектакуларната базилика доминира над опружувањето со 18 високикули. Таа е едно од најпознатите дела на Антонијо Гауди, чие име се слуша во Барцелона. Приказната вели дека архитектот Гауди во 1883 г. добил задача да дизајнира базилика како неоготска црква. Но, сметал дека може да направи нешто многу поинтересно. Така го распослал духот во стилот на арт новата архитектура. Камен темелникот датира од 1882 г. Од гаудиевата смрт во 1926 г. кога го прегазил трамвај, дури девет архитекти се обиделе безуспешно да ја завршат. Иако је Гауди предвидел градбата да трае до 15 г., таа никогаш не е официјално завршена. Никој не знае дали некогаш ќе биде завршена. Се раскажува дека дека додека Роналдињо играл во Барцелони, за време на снимање на рекламе за Најк, со топка скршил дел од стакло на еден прозорец на катедралата Саграда на фамилијата..

Gotička-četvrt

Срцето на Барцелона се чувствува на пешачката зона Ла Рамбла. Зборот е од арапско потекло. Значи песочно. Во 10 и 11 век, дождливото време, носело песок, кој ја покривало оваа површина. Широката авенија го дели стариот град на два дела до пристаништето. На крајот е манастирот Санта Ана од 12 век. Улицата е полна со фонтани, ресторани, барови и музика која никаш не престанува.  Во близина е импозантниот дворец, кој е уште едно сјајно дело на Гауди.

Паркот Гуел е необичен, брлив, што би се рекло, улав и симпатичен парк. Тоа е уште едно ремек дело на Гауди, културно наследство, заштитено од УНЕСКО, создадено од 1900 до 1914 г. Тука се најдува и куќата на Гауди. Паркот има седум капии. На главната со мозаици е напишано Парк Гуел. Тоа означува дека тука е почетокот. На влезот е повеќебојна мозаична фонтана, како митолошко суштество налик на питон. Од устата му тече вода. Според верувањата дека питонот е чувар на подземните води. Таму е и најдолгата клупа на светот.

Katedrala-gotička

Паркот Цитадела е најмилото место во Барцелона. Располага со вештачко езеро. Може да се изнајми чамец и да се ужива со веслање. Фонтаната Ла каскада е изградена за универзалната изложба во 1888 г. Паркот има и зоолошка градина со 7500 животни. Во близина е и Тријумфалната капија, која изгледа моќно.

Готското маало е духовно средиште, оти се наоѓаат реликвии на  древни римски градби и средновековни споменици од големо значење. Се открива друг свет на Барцелона, исполнет со тесни сокачиња, поплочени со калдрма. Се доживува чувство на враќање на неколку векови назад. Тука е музејот на Пикасо, полн со скици и со дела од почетоците на импозантната уметничка кариера. Не се пропушта посета на прочуената готска катедрала, Ла Ке. Тука Кристофер Колумбо примал католички владетели по првото патување во Новиот свет.

Каза Мила Барса е уште една гаудиева креација, заштитена од УНЕСКО. Другото име е Каменолом, граден меѓу 1906 и 1912 г. Необична и единствена зграда во светот. Објектот е најкреативно дело на Гауди. Секоја линија на фасадата од природен камен е крива, со заоблени прозорци и метални балконски огради кои се вртат. Дури и покривот има брановиден облик со украсени оџаци.

Magične-fontane

Волшебните фонтани пожелно е да се видат ноќе, оти станува збор за претстава и танц на водата во милион различни бои. Фонтаната восхитува со песна од едночасовен спектакл, во кој се менуваат нумери од филмови Господар прстените, Кум и Титаник. Музичката фонтана за спектаклот пушта 2400 литри во секунда низ 5000 светилки.

Монжуик е најшармантното место за поглед. Комплексот бил неуреден и запуштен. За светската изложба во 1929 г. бил реновиран. Сега е локација које не смее да се пропушти. Тука е стадионот изграден за Олимпијадата во 1992 г. Главната атракција е жичарницата со која мжо3е да се спушти до градот. Превозот нуди најубава глетка на градот од воздух.

Sagrada-Familija

Каза Батило е уште една неверојатна креација на Гауди. Тоа е  модернистичка зграда од 1877 г. изградена од Емилио Сала Кортес, која ја купил Јосеп Батило. Гауди í додал петти кат, комплетно ја сменил внатрешноста и поставил нова фасада од мозаици од парчиња стакло и керамика. Тука се следат интересни концерти и фламенко претстави.

Престојот е пожелнод а се оконча со чаша од популарниот пијалак, вермут. Тоа вкусно и евтино вино со зачини. Традиција во Барцелона е да се пие пред ручек.

Loading