ЕГЗОТИКАТА НА МАРАКЕШ

Мароко

8367414c9a0879f2

 

Аеродром Маракеш, Мароко. Северна Африка. Среде февруари топло африканско сонце и мирис на егзотика. Нема потреба од силна есенска, а камо ли зимска гардероба. Мароко е една од најегзотичните земји на светот. Посебно црвениот град Маракеш. Тоа е земјата на малиот принц, на зачините, на племето Бербери, камили… Да, љубезни луѓе, огреани од долготрајни сончеви зраци. Во исто време се гледаат палми чии листови треперат на пустинскиот ветер и снежни врвови на планината Атлас.

Djemaa el Fna evening

Море, автомобили и мотори кои непрекинато брмчат низ улиците кои се час вџашувачки тесни, па непотребно широки. Допир со непредвидливата Африка. Маракеш е чуден, архаичен, кривулест, благ, нежен, топол, со душа и мир. Главна атракација е Џема ел Фна, прославениот плоштад на кој се добива чувство како да сте дел од некоја сценографија во филмовите со Индијана Џонс. Додека се шета во ова земја на чуда, за рака допираат баби – гатачки. Тврдат дека без грешка ја предвидуваат иднината, сметнуваат уроци, несреќи и штитат од мрачни сила. Се среќаваат ликови кои нудат шарени камења, сушени гуштери, жаби, змиски кошулки, зајачка шепа, ретки трави и билки и друго за што никогаш не се слушнало. Од време навреме се појавуваат на плочките свирачи со кобри. Дури и мајмуни кои ги анимираат туристите. Не ретко нишаат со допир обични питачи. Барат некој дирхам. Во близина е огромниот пазар на сé и сешто. Импресивен е делот со овошје, зачини, храна… Потаму, кожa, памук, килими, како и прочуената билка – арган, слична на маслинката, на која Мароканците се гордеат. Во случај да го нема тој производ, продавачите веднаш го носат од некаде. Во продавница за килими и сувенири од дрво продавачот од зад пердето вади полни раце разни дрвени фигури во форма на камила. Ако се заскита низ тесните сокачиња, се ужива во шаренилото. Се доживува земјата на вистинскиот начин. После шопингот претстои освежување со цеден сок од единствените марокански портокали кој чини околу 30 центи. Внимателно. Продавачите нудат и многу подобар сок од грејпфрут. Но, со скриена цена. Една чаша чини четирипати повеќе.

Jardin-Majorelle-4

Интересно е едно од имињата за парите. Во превод се викаат ,,валкан свет,,. Нема пазарни цени, ниту правила. Реалната вредност е толку колку се плаќа во моментот, што не значи дека некој од истото место истиот производ ќе го купи за двојно повеќе пари или за помалку. Сите цени се и до 7-8 пати повисоки од реалните. Зависи од ценкањето. Ама долната граница сепак е двојна. Затоа е нужно трпение. Трговците знаат дека доста луѓе ја прифаќаат првата понуда. За многумина ценкањето е срамно. Блам е да се бара прениска цена, поради обѕири да не го навредат трговецот. Сепак да не се биде ,,закрпен,, нужно е ценкање. Ја спушаат цената муштеријата да мисли дека добро минал, иако е 5-6 пати поскапо од набавната вредност. Најдоброто ценкање стигнува до коефициент 3 или трипатити повисоко од набавката.

Md.Boualam Souk in tetouan Popular market

Во Маракеш е познатата градина Мажорел. Името í од францускиот сликар Жак Мажорел. Тој го купил поседот во 1924 г. По него сопственик станал славниот дизајнер Сан Лорен. Бил воодушевен од неверојатната сина боја на фасадата на куќата. Му била инспирација за многу креации. Тоа е оаза на мирот во градскиот хаос со бука на милиони автомобили и мотоцикли кои не застануваат ниту на зебра. Во валканиот град, чудно е, наеднаш се појавува сестрано зеленило, градини, воздух, контраст за очи. Интересни се палатите Бахиа и Бади во кои се доживува мароканската историја. Не треба да се одмине Кутуби, минарето од 77 метри, најсликано на разглениците.  Ниту една зграда не може да биде повисока од Кутуби, од најсветото место во градот.

methode times prod web bin 7a49fd98-a45e-11e7-8955-1ad2a9a7928d

Маракеш збунува. Полн е со предизвици. Доживување е превозот со воз. Изгледа како во книгата ,,Алиса во земјата на чудата,,. Сé е поинаку. Цените на билетите се несразмерни на далечината на дестинацијата. Патувањето за еден саат, станува авантура и до 6 часа. Неизвесно, изненадувачко, не се знае што може да се очекува. Нужно богато поседување на нерви и трпение.

Мароканците се отворени и искрени, иако никому не треба да му се верува. Африка е. Сите се борат да преживеат. Традиционалната кујна е поинаква. Мешавина на берберска, маорска, арапска и исламска кујна, со малку андалузијски мириси и вкусови. Мароко има речиси 310 сончеви денови годишно. Затоа има и многу егзотично овошје и зеленчук. Со таа понуда и гастрономијата е феноменална. Позната е ,,тажинг,,  нешто слично како јанија. Се сервира во земјени садови. Имаат супер вкус и колачите со цимет, бадеми, ореви, кои се заливаат со традиционалниот чај од нане. Воодушевуваат и варијациите на слатко солени слатки.

За кусо време само може да се загреби на површината на оваа земја, но не може да се открие како функционира. Потребно е повеќе време да се доживее духот на африканскиот рај.

take-shopping-tour-markets-marrakesh-3baaaa92cfb621f8523adfb38ea32ef7

За Шакира 30 милиони долари

Главен град на Мароко е Рабат со 600 илјади жители. Најголем е Казабланка со 3,5 милиони. Познато е дека власта на сиромашниот народ платила во 2011 г. за гостување и концерт на Шакира 30 милиони долари.

Loading