ГРДА ЕВРОПСКА ПРЕСТОЛНИНА

Никозија

GOPR1338-01-1024x768

По повеќе посети на Кипар, останува впечатокот Никозија да е најгрдата европска престолнина. Градот е тажен и валкан. Катастрофа. Се друго на Кипар е многу убаво. Дали на импресиите за Никозија влијае фактот што ова е поделен град со граница низ улица.

Некогаш Никозија ја викале Берлин на исток. Сличност постои, оти и Берлин беше поделен. Со првата прошетка се гледа колку е нечисто и запуштено. Ѓубре на улиците, ишарани ѕидови и празни дуќани. Тоа е знак дека градот е застанат во некои свое време. Во 1974 година Турците извршиле инвазија, делејќи го медитеранскиот остров и Никозија на два дела, турски и грчки, Северен и Јужен Кипар, горна и долна Никозија. Со прошетка се наидува на граничен премин низ кој се минува само со пасош.

Градот е помал од Скопје, а има граница?! Парадокс. Дури турските Кипрани преминале на друг начин на мерење на времето. На грчкиот дел е друга временска зона. Комплицирано е да се договори кафе со пријател од другата страна. Пред граничната зона има огромни зелени буриња, опашани со жица, каде стражарат војници. Фамозна граница за другата страна? Страна кон која многумина чувствуваат презир, можеби поради тоа што некој им настрадал во војната. Блиску, доста луѓе стојат во ред. Тажно, ама границата е најинтересна во градот. Околу запуштени куќи. Пред распаѓање, а пред нив бодликава жица. Несреќни згради со живеалишта се нашле ниту криви, ниту должни на границата со натпис – ,,фотографирањето е строго забрането,,. Само на неколку места се преминува од еден во друг дел со инсистирање на меѓународната заедница која форсира обединување. На Турците им е доволно со тоа што располагаат со своја ,,држава,, на Кипар. Грците претендираат на цел Кипар, ако е можно без Турци. Два света со ништо неповрзани, а присилени да живеат заедно, да делат нешто што не го сакаат.

Nicosia-Makarios-cyprus-1024x768

Се чека 20 минути за преглед на пасошот за влез на другата страна. Таму сé е изгледа поинаку. Никозија веќе е Лефоксиа. Сувенирите, храната и сé друго носи впечаток дека сте некаде во Турција. И цените се во турски лири во креираната друга држава. На секој втор штанд стојат знамиња на Северен Кипар, како турското, само со обратни бои. За 2-3 саата се задоволува љубопитноста да се истражи некоја нова култура на северна Никозија. Впечтлив е Бузук ан со 68 соби, 10 продавници, неколки галерии и ресторани. Подигнат е од Синан Паша во 16 век. Ановите служеле како место за одмор од патувања. Интересна е најголемата џамија на островот, изградена на остатоци на стара византиска црква. На турскиот дел населението чувствува уште посилен презир за другата страна. Се истакнува гордо дека се Турци и дека ова е нивна држава. Во близина е  малиот пазар на сé и сешто, со море од лажни брендирани марки, заедно со аромите на зачините и начичканите турским шамии.

nikosia-cyprus 39122

На улицата Ледра е турскиот дел од близу еден километар, а на грчкиот припаѓаат околу 750 метри. Името го добила по старото кралство. Ледра е симпатична улица со доста бутици и продавници со сувенири И кафетерии. И ништа повеќе.

Интересен е храмот Св. Јован исполнет со фантастични фрески и икони од најзначајните приказни од Библијата. Привлекува архитектурата на  големата палата на архиепископот Макариос, првиот и доживотен претседател на Републиката, покрај капијата Фамагуста, која во минатото била користена како главен влез во градот. Најсветла точка е Ледра, музјската опсерваторија на врвот на тврдината. Тоа е највисоката зграда на Никозији, со прекрасна панорама на градот.

На турскиот дел, стандардот на населението е како балканскиот, а на грчкиот цените се повисоки, европски. Сувенирите не се автентични, освен стандарадните магнети. Смесувањето е поскапо. Нема ништо пониско од 40 евра за ноќ, како на море, а не за нечист и заостанат дел на сред островот.

nikosia-cyprus 39123

Како и да е, најатрактивна е фамозната граница меѓу две земји на улица. Цркви, џамиии, кафетерии и продавници има премалко за еден главен град. Се чини дека секое второ место на островот е попривлечно, како Пафос, Аја Напа, Лимасол…

Мириса нетрпеливост. Зборуваат двете страни едни за други. Тоа е последица на војната, по која и едните и другите живеат заедно од нужда во ист град. За жал, анимозитетот не исчезнува ниту по 40 години. Останале зарбоени во омраза.

nikosia-cyprus 39128

Loading