ЗАГАТЛИВИОТ ПОДЗЕМЕН ГРАД

Неапол

Катакомби, тунели, тесни ходници… за страотна возбуда

napolli 0

Тесни, криви улички низ кои милиметарски прецизно минуваат мали моторцикли, мирис на печиво со фстца ги мамат посетителите на блиската пекарница, барокни цркви и раскошни палати, пици и мајстори, Везув и Капри. Сето ова е Неапол. Доколку се загреби под нив, се открива многу мрачен свет, свет од катакомби, тунели, римски бунари и засолништа од Втората светска војна. Се открива подземно богатство и град исткаен од тајни и мистерии какви што можат да се видат ретко. Се доживува мистериозното  подземје на Неапол.

napolli 1

На длабочина од околи 30 метри под површината на градот се наоѓаат цела низа на подземни ходници и тунели. Мистеријата да биде уште повозбудлива, се верува дека до сега е откриено само еден отсто од подземниот свет. Најбизарно е тоа што во овој град веројатно постојат луѓе  кои живеат на античките споменици и под кои лежат катакомбите, а за тоа не се свесни. Така Неапол е единствен град на светот со две подземја. Едното е вистинското, криминалното на Камора, на најмоќната криминална организација во Италија.

Подземниот град е откриен пред нешто повеќе од 50 години.

napolli 2

Има многу подземни тури за обиколка на Неапол за околу 90 минути. Пристапни се на повеќе јазици. Цената е околу 7-10 евра. Оригиналната ја прави Наполи Сотеране.

Водичот води низ мрежа од темни ходници и тунела кои, се чини дека немаат крај. На моменти е клаустрофобичен. Се спушта по 121 скала до старото засолниште  во кое жителите во Втората светска војна се криеле и заолнувале во текот на бомбардирањата. На ѕидовсе забележува  зборот ауито, помош, многу цртежи на авиони и бомби, испишувани од луѓето додека трепереле од страв и животот им висел на конец. Низ најдобриот час по историја на водичот, извираат емоции со сочувствување со уплавот на жителите од ралични возрасти. Раскажува како добивале вода, колку семејства се сокривале, колико такви места постојат во Неапол. Понатаму доживувањето оди со чувствата на преплашените. Тишината фасцинира. Во продолжение се гледа стар кревет со дрвено автомобилче за деца, машина за шиење и старо радио.

napolli 3

Доаѓа, за многумина, омилениот дел  каде се движи со осветлување од свеќи за да не се загуби некој или да не се повреди во мрачниот пат. Овој дел е повеќе страшен, отколку возбудлив. Ходниците стануваат сé потесни. На момент се добива впечаток дека е нужно странично дижење со телото и тоа за луѓе кои се со прилично костуреста конструкција. Пополните не ги собира низ тесните ходници и им виси опасност да заглават и да не можат да се вратат ниту да продолжат низ овој дел од тунелот. Низ ходниците се стигнува во дел каде некогаш течела вода од грчка цистерна, изградена уште во 2 век п.н.е. и  која се користела до 19 век. Се посетува и местото на кое некој научник се обидел да направи мала градина во вештачки услови, ама никогаш не успеал.

napolli 4

Неапол се мачи да собере средства за продолжение на ископувањата, привлечни за голем број на туристи. Затоа подземните посети се во приватна режија. Одредени ентузијасти, археолози, купуваат права за археолошки истражувања под земјата. Така е ископан еден дел кој ги фасцинира посетителите. Со дел од тие пари се финансира понатамошниот тек на истражувањата.

Не е доволно времето од два саати за ,,скитање,, и откривање на тајните на подземниот Неапол. Сепак се доволни за фасцинантно искуство кое не се заборава и се препорачува овој град за дестинација да се доживее во надворешниот и подземниот ,,сјај,,. За мераклиите на авантури и мистериозни возбуди и историја, подземниот град  секако треба да се најде на списокот на потенцијални места за посета.

napolli 5

napolli 6

Loading