КРАЛСКИОТ ГРАД СО ИСТОРИЈА, ТРАДИЦИЈА И УМЕТНОСТ

Виена

Што да се види во Виена на патување за австриската престолнина?

albertina

 

Не смее да се пропушти спектакуларниот дворец од 18 век Шунбрун во Виена. Тој е една од најпознатите атракции во земјата. Зданието се состои од 1441 соби, вклучувајќи ги и оние во кои своевремено живеела и Марија Терезија. Може да се ѕирне и во внатрешноста. Изграден е во барок. Нужно е да се посети и паркот, кој е светско културно наследство, евидентирано од УНЕСКО. Може да се седне на некоја клупа, како своевремено повремено уживале кралевите и нивните семејства.

Во австрискиот главен град секако да се наѕри во катедралата Св. Стефан од 1722 година. Таа е најзначајен готски објект, лоциран во строгиот центар. Катедралата во својата историја, повеќепати била уништена, особено во Втората Светска војна, кога останале само ѕидови и темели. По војната, Владата не дозволи еден од најзначајните споменици потполно да исчезни. За седум година, сосема е реконструиран да блесни во полн сјај како некогаш. Привлекува најмногу туристи во споредба со други виенски атракции.

belvedere-dvorac

Не толку популарен, дворецот Белведере е уште една топ атракција. Доаѓаат помалку туристи, па посетителот може да се опушти во уживање. Помирно е, без многу ,,запалени,, туристи со телефоните в раце кои прават селфи. Дворецот содржи горни и долни палати и уште многу други значајни објекти. Мермерната сала е неверојатен простор на два ката, полн со скулптури, слики и фрески. Галеријата е богата со колекција од 12 – 16 век. Таму е делото на Густав Климпт – ,,Бакнеж,,.

Виенската опера е една од најголемите оперски куќи во Европа. Во своите 150 година постоење, била домаќин на еминентни музичари, диригенти, танчери и солисти. Капацитетот е преку 2000 луѓе. Се одржуваат повеќе од 300 настапи годишно. Преку операта се доживуваат гордата традиција и кралскиот дух на градот.

Враќањето низ историјата е палатата Хофбург. Била седиште на сите австриски владетели уште од 1275 година. Денес е резиденција на претседателот. На просторот има 19 градини и 2600 соби. Интересни се Сиси музејот, Сребрената колекција и ризницата со огромната збирка на блага од римското царство. Тука и Хитлер држел некои од своите големи говори.

Двата музеја на плоштадот Марија Терезија се слични. Раскажуваат две различни приказни. Природниот музеј е познат по диносаурусите и по најголемата збирка на метеорити, во која е и метеоритот Тисинт, кој од Марс падна во Мароко во 2011 година. Составен е од 39 простории, каде е прикажан настанокот и развојот на човекот, еволуцијата од праисторијата до денес. Тука е и статуата на Венера од Вилендорф. Се верува дека била создадена дури пред 25 000 години пред Исус. Историскиот музеј е најпознат со колекцијата на стари холандски мајстори со слики од Рафаел, Тицијан, Белини, Карваџо, Веласкез… Има дел со предмети од грчката, римската и египетската историја.

hofburg

Собранието е импозантно неоготско здание. Денес е административен центар и место пред кое одржуваат разни настани. Зиме се претвора во огромно лизгалиште за уживање во празнична атмосфери, а во лето се одржуваат концерти и фестивали.

Не се пропушта обиколка на Карловата црква. Таа е најзначаен барокен монумент во Австрија. Се истакнува со високите столбови од 33 метри, налик на трајановите во Рим, чии спирални линии раскажуваат за животот на светиот Карло. Интересни се и фреските. Храмот е лоциран на Карлс платц.

Во Виена се прилепува на срцето необичната куќа Хундертвасерхаус, градена од сликарот Хундертвасер. Финализирана е во 1985 година. Мами сликари, интелектуалци и креативци, оти им е инспирација во потрага по нови идеи.

Народниот театар е познат по играње во претстави на славни актери кои зборуваат германски. Импресивен е надворешниот изглед, виенски, кралски. Внатре не исчезнува раскошот. Ѕидовите се декорирани во барокен стил. Скалите се украсени со фрески на Густав и Ернест Климт.

karlskirche

Најдобрите светски сликарски мајстори се во Албертин. Шагал, Пикасо, Сезан, Дегас, Климт, Мунх, Модлјиани и многи други познати уметници, добиле свој простор. Да се видат најквалитетните уметници на едно место е потребен најмалку еден ден.

Најнов и најмодерен дел на Виена е Даун Сити. Препознатлив е по деловните и стамбените облакодери на светски агенции и компании.Тоа е сосема нова слика за градот. Го викаат американска Виена, спротивност на стариот дел.

Забавниот парк Пратер се опишува како залезот на некој друг град. Некогашното место за лов на кралската фамилија е најпопуларно место за забава. Количината на содржини го наредува Пратер во еден од поголемите во Европа. По џиновското тркало, се препорачува посета на планетариумот и музејот на восочни фигуре, Мадам Тисод.

Виенската зоолошка градина е најстара на светот, основана уште во 1752 година. Сочуваните објекти се баркони мајсторски изданија. Привлечна е со животинското царство од целиот свет. Посетителите воздивнуваат најмногу кај колонијата од 750 кинески панди.

Stephansdom

Бечка сахер торта

Во Виена се раскажува приказна за настанокот на прочуената сахер торта од 1832 година. Принцот Фон Метерниц, побарал од 16-годишниот чирак Франц Сахер да направи торта за специјални гости. Главниот слаткар бил болен, па задачата ја извршил младиот помошник. Легендата вели дека тој рецептот го создал во моментот под притисок на високите очекувања. Чоколадо, џем од кајсија и шлаг, биле состојките. Рецептот подоцна бил усовршен и станал познат во светот. Иако секоја слаткарница го има во менито, најдобро место е хотелот Сахер, од изворот на рецепт.

Loading