ПЕСНА И МУЗИКА ЗА СИТЕ ВРЕМИЊА

25 години постоење на Октетот Прилеп

oktet 1

Аплаузи, овации, распеани и насмеани лица, цела публика на нозе. Ваква е атмсоферата секогаш кога на сцената е Октетот ,,Прилеп,,. Така беше и на концертот за одбележување на 25 годишнината од постоењето. Големата сала на ЦК ,,Марко Цепенков,, беше претесна да ги прими љубителите на староградската песна и кои редовно го следат овој прилепскиот бренд.

Придружувани од извонредниот оркестар составен од врвни прилепски музичари беа испеани повеќе македонски староградски песни. Меѓу нив и од прилепските автори на: Песна за Прилеп, Варошките меани, Добро утро Прилепе мој и Мариче.

Долг е патот на Октетот. Од далечната 1994 година до денес. Пред 25 години на иницијатива на Слободан Костоски – Пејако, Кире Талески и уште неколку ентузијасти се формира вокален состав – октет. На Прилеп му беше потребен состав кој ќе ја негува староградската песна и ќе создава нови, инспирирани од богатото музичко наследство.

oktet2

Првиот состав на октетот биле Кире Талески и Цане Јовчески како први тенори, Слободан Костоски и Кире Стојаноски – втори тенори, Благоја Трајкоски – Чврчо и Тале Костоски – баритони и Кире Савоски и Борче Андоноски – басисти. Составот го водел Слободан Костоски – Пејако. Октетот прво го добил името ,,Пријатели,,. Под тоа име настапува до 2000 година. Во новиот милениум добива ново име – Октет ,,Прилеп,, со кое и до ден денес настапува.

Првиот албум е промовиран во 1997 година. Со доаѓањето на Илија Јанчулески, октетот добива не само нов пејачки квалитет, туку и одличен аранжер. Во октетот членуваа и други прилепчани, Бранко и Менде Петрески, Кире Богески и др. Годината 2002 беше кобна за составот. На враќање од фестивалот ,,Серенада на Широк сокак,, од Битола, во сообраќајна несреќа, животот го губат Менде Петрески и Борче Андоноски – Чалата,. Киро Богески бил тешко повреден. Со тажниот момент и била загрозена иднината на октетот.

Огромната љубов кон музиката надвладеа, покрај неизмерната тага на другарите. Октетот продолжи и во 2003 година. Му се придружија браќата Никола и Иљчо Илиески како басисти и Борче Спиркоски – баритон. Со годините составот зрееше и стареше. Во 2009 г, на местото од пензионерот Цане Јовчески, се придружи Славчо Бунтески. Една година подоцна во пензиските води заплива Илија Јанчулески. Го замени Жарко Василески. По откажувањето на Пејако, застана Влатко Стефаноски. Овој состав создаваше до 2013 г. го збогатија Дејан и Христијан Ачкоски. Дејан ја презеде диригентската палка, давајќи нова димензија. Покрај македонските, се пееја и песни од балканските простори. По заминувањето на браќата, се враќа Кире Талески како вокал и корепетитор. Аранжманите претежно се дело на Слободан Костоски – Пејако. Тој е и како композитор. Текстописци биле Мирјанка Р. Селчанец, Божица Мојсоска, Мирјана Дамеска. Во последно време и Бунтески.

o4

Во музичкиот од (1997, 2002 и 2007 г.) снимени се 3 албуми со 40 песни. Октетот стана прочуен и надвор од Прилеп, од 1998 г. со учеството на фестивалот ,,Охридски трубадури,,. Негувачот на староградски песни стана редовен гостин на сите фестивали од ваков вид. Не изостанаа настапите на Серенада на Широк сокак, Охридски староградски средби, Под Кулите во Струмица и бројни настапи во сите градови во земјава.

Во 2013 г. Октетот се закити со Третоноемвриската награда на Прилеп за значаен придонес во културниот живот. Лани на Фестивалот ,,Илинденски денови,, во Битола Октетот се качи на победничкиот трон, триумфирајќи во конкуренција меѓу учесници од цела Европа.

Од почетоците до денес, подготовките се вршат во просториите на ЦК ,,Марко Цепенков,, како да е дел од храмот на градската култура. Оваа привилегија се возраќа со одржување на годишни концерти и со носење на името на центарот на сите фестивали на кои настапува, како единствен октет во Македонија.

o5

Гости Ленче и Горан Кукиќ

На последниот концерт за атмосферата придонесоа гостите Викторија Стојческа и Ана Митоска Стојаноска. Тие се музичка иднина на градот. Публиката ја разгали Сефедин Бајрамовски, а концертот стана незаборавен со популарните Ленче и Горан Кукиќ.

Славчо Бунте

Loading