ПРОМЕНАДА НА БОГОВИТЕ И ЛУЃЕТО

Крит

chania-crete-22

Крит е остров на Медитеранот, а населението црпи снага и гордост од традицијата. А митовите се кај традицијата. Точно на Крит се создадени некои од најфасцинантните грчки митови. Еден е во блиска врска со раѓањето на врховниот бог Зевс. Уште се раскажува како Кронос, синот на  Уран и Гај, бил оженет со својата сестра Реа, која му родила многу деца. Меѓутоа, Кронос ги убил сите, оти татко му рекол дека едно од децата ќе го убие. Реа не можела да ја поднесе загубата. Кога разбрала дека е бремена, дошла на Крит и го родила Зевс во пештера во високите планини. Пештерата денес ја посетуваат туристи. Се наоѓа на ридот Диктеон. Најпозната е меѓу 3000 пештери.

chania-crete-23

Според легендата Крит е создаден пред неколку милиони години, кога Егеида, континентот што ја поврзува Грција и Мала Азија, потонал во водите на Средоземното Мора. Денес Крит е најголем грчки остров. Петти по големина на Медитеранот, по Сицилија, Сардинија, Корзика и Кипар. Можеби е и украс и најсјаен бисер. Природата била дарежлива со високи и горди планини, длабоки клисури полни со свежина, единствени пештери, пространства богати со обработлива земја, милион и една маслинка, бујна вегетација, разновиден брег од непристапни и восхитувачки плажи, спокојно море и блага клима… Насидрен е на бескрајниот тиркиз на Медитеранот, меѓу три континенти. Од Европа го примил космополитскиот дух, смирениот начин на живот, проткаен со традиција доаѓа од Азија, а од Африка е врелиот ветер. Крит пак е еднакво древен, колку и современ. Толку приврзан за традицијата и еднакво свртен кон иднината. Затоа е привлечен и ексцентричен, како што е забрзан и простодушен. Посетата не е само уживање во сонцето и благодетите на морето на прочуените островски плажи.

crete-island-crete-5

На Крит е родена минојската цивилизација и се изградени околу 350 манастири и цркви. Возбудливите икони, дела на врвни мајстори, се издвојуваат од византиските храмови. Одамна Крит се горде со училиштето на иконографи. Творештвото го почнал славниот сликар Доменикос Теотокополос, познат како Ел Греко. Родната куќа од 16 век во Фоделе, не ја заобиколуваат љубителите на уметноста. Крит е родно место на славните композитори, Микис Теодоракис и Манос Хаџидакис, таткото на книжевникот на Гркот Зорба, и филмскиот творец Никос Какојанис, кој го екранизирал Зорба.

Туристички атракции се утврдувањето од турското и венецијанското доба. Хераклион, Ретимно, Палеохора, Франкокастело… Домаќините предлагаат да се види археолошкиот музеј во Хераклион, оти е еден од најбогатите во светот. Посебно доживување е обиколката на Самариѓанската долина. Станува збор за најдолгата европска клисура, чија убавина може да се доживее единствено со готовност за пешачење на 15 км. Привлечна е посетата на Кносос. Тоа е најважниот град во праисторијата. Посебна диманзија  на престојот е палатата Кносос, изградена околу 1700 г. п.н.е. Во основата е правоаголна на 20000 м2. Со преку 1000 соби, има прекрасни тревници, воодоошевувачки добар дренажен систем, лавиринти… Кога се  споменува лавиринт, се открива уште една убава митска приказна. Минос, кралот на Кносос, се оженил со Пасифаја, ќерка на  Хелиос и нимфата од Крит.  За да му се одмзади на Минос што не жртвувал млад бел бик и со тоа да докаже дека е вистински крал на Крит, Посејдон ја натерал Пасифаја да се заљуби во млад бик. Така се родил Минотаур, чудовиште со глава на бик и тело на човек. Минотаур живеел во лавиринтот, граден специјално за него од Дедал.

crete-island-crete-7

Крит не е само остров со убави митови. Не е ниту само туризам. Населението е познато како вешто во земјоделието и сточарството. Познати се и маслинките и маслиновото масло, исто како и виното и сирењето. Островјаните се мајстори на многу занаети. На туристите им се драги сувенирите од ткаеници и везени ракотворби, односно оригиналните керамички и јувелирски производи.

Има многу причини за патување на Крит и уште повеќе да се мине одморот. Деновите се полни со комоција во одличните хотели со по неколку базени со морска вода, дополнети со боженствената кујна со сите можни видови на риби и многу зеленчук. Еднакво годи јагнешко и јарешко печење кое носи мирис на богатата флора. Велат дека на Крит се живее долго. Населението е витално и долговечно како последица на квалитетната исхрана.

crete-island-crete-8

Во административна смисла Крит се састои од четири области, Ханја, Ретимно, Хераклион и Ласити. Бреговите се долги 1100 км. со плажи на 115 км. На една, принцот Чарлс ја побарал за сопруга леди Ди.

Колку и да се слични, секој град има своја приказна. Хераклион е најголема туристичка населба со лукс хотели, добри плажи и уште поубави места за забава. Има и меѓународен аеродром. Агио Николаос, оддалечен 65 км. источно од Хераклион, се наоѓа на прекрасниот залив Мирабел. Обележје е познатото солено езеро Алмири околу кое е изграден центарот на градот. Острвчето Елафониси, 78 км. од Ханја, е персонификација на рајот. Тоа е островче на тишината со изобилство на бои и светлина, живописни песочни дини, со чисто море и плажи преполни со дрвја на кедар и лилјан. Ханја има прекрасни остатоци од минатото и безброј природни убавини кои освајувачите не успеале да ги уништат. Украс се живописните улици, неприродно тесни, куќи со криви ѕидови и шарени фасада, ниски прозорци и живописни жалузини, малите таверни, расположени луѓе, добро вино… Од Ханја можеби доаѓа највпечатливата приказна за тоа кој низ историјата го освојувал Крит. Еден храм е граден во 1320 г. како католичка црква, за да биде претворена во џамија во времето на Турци. Конечни станал православна црква како денес во 1919 година. Џамијата на Кучук Хасан останала недопрена. Минарињата се највоочливи на пристаништето. Ретимна не само што го красат убави долги песочни плажи и тиркизното море, туку во секој момент се нуди доживување плус. Градот е создаден во минојскиот период, 1350­1250. п.н.е. Често бил разоруван и пален. Благодарение на Млеќаните, примил ренесансни знаци. Римонди фонтана, плоштадот Платанос, Големата порта на почетокот на улицата Антистасеос, венецијанското пристаниште со утврдување се дел од атракциите. Тесните улички, продавниците, автентичните ресторани со ведра атмосфера гарантираат уживање за сите сетила на добронамерните луѓе.

Loading