„КАМЕН БРОД“ ЗА ПЛОВЕЊЕ НИЗ ВЕКОВИТЕ

Монемвасија – апсолутно необичен град

bf89391a6f47413067b974b4cbba02ac XL

Каменитиот остров на источниот брег на грчкиот полустров Пелопонез,  Монемвасија, е поврзан со копното со кус пат направен од насип. Островот е долг околу еден километар, а широк околу 300 метри. Најголемиот дел е рамнина на 100 метри надморска височина. И на падините, и во подножјето, во сенка на карпите, е сместен мал град – тврдина, скриен од копното.

Ова романтично место е жив музеј на византиската, османлиската и на венецијанската историја. Градот некогаш бил дел од брегот. Разорниот земјотрес од 375 година ја одделил карпата од копното и во создадениот мореуз влегла морската вода. Островот е поврзан денес со копното со насип да се стигне по асфалтен пат. Во земјотресот настрадале околните населби. Една е Акра Миноа, како што некогаш се викало градчето. Тоа е претворено во остров. Во 6 век се создала првата рибарска населба и островот бил поврзан со копното со мост. Подоцна се населиле Лаконците, во намера да се засолнат од наездата на Готите и Словените. Монемвасија го доживеала првиот процут во византискиот период. Станала важен трговски центар. Во 15 век преминала во рацете на Венецијанците и го добила името Малвазија. Тогаш, токму таму, била одгледувана сортата на грозје од кое настанало истоименото прочуено вино кое го прославило ово место низ светот. Како вино, малвазија се пиела во многу европски дворци и кралства. Неговиот вкус посебно го ценела руската царица Катарина Втора. Прачките лоза од Монемвасија во меѓувреме стигнале до Италија, Шпанија и Португалија. Ѕвездата на Монемвасија почнала да тамнее во средината на минатиот век. Жителите ги продавали куќите за бадијала. Некако, во сито време, во  градчето стигнал едан швајцарски професор. Восхитен од убавината на местото, купил напуштена куќа, ја реновирал и почнал да ги повикува на гости своите роднини и пријатели. Многу од некогашните жители го направиле истото. Еден за друг, се враќале и ги уредувале старите полуурнати куќи. За малку време, градчето било доведено во ред. Имотите и куќите добиле нови, повисоки цени, особено во споредба со други, слични и попознати острови. Конкретно со Санторини или Миконос.

monemvasia 1

Името на градот потекнува од два грчки збора, мони и емвасис. Во слободен превод – единствен влез или тесен пат. Навистина, во градчето може да се влезе низ една порта, вградена во моќните ѕидини и тврдина. Меѓу грчките населби, Монемвасија се издвојува по колоритот и необичноста. Нема автомобили. Се слушаат само чекорите по поплочените улички, плоштадчињата, таинствените лавиринти кои гратчето одамна го сокриле во подножјето на стената. Ниските камени домови, братски се потпираат една на друга. Под благотворните сончеви зраци градчето сјае во топли бои, додека сините морски капки играа некаде на површината. Меѓу руините и расцветаните зокуми, низ објектите со лакови и плоштадчиња, живеат одамна минати епохи. Ако се најде некој случаен патник кога не е време на  туристичката сезона, ќе помисли дека градчето одамно починало и дека во него живеат само мачки.

monemvasia 2

Монемвасија се состои од горен и долен град. Стрмна нагорнина  со тесна патека води кон горниот град, каде во средниот век вриел живот. Пешачењето трае 15 минути. За упорниот истражувач награда ќе биде неверојатната глетка на долниот град испружен крај морето. Таму е родната куќа на поетот Јанис Рицос. На сосема другиот крај се најдува снежно белата црква Панагиа Хрисафитиси од 17 век, во сенките на дрвата акација и на  светиот извор. Горниот град речиси сосема е урнат за време на Турците. Ништо не останало, освен ретките остатоци од камени ѕидови. Единствено е сочувана црквата Света Софија, која стои на стрмна карпа. Додуша, малубројните преостанати делови се реставрирани. Комплетниот храм е обновен во педесеттите години. Долниот град е поделен на два дела со  главната улица. На таа сообраќајница се таверните, продавниците, кафетериите, историските зданија… На крајот на улицата е плоштадот и главниот храм на градот, Елкоменос Хроистоиса. Подигнат е по наредба на императорот Андроника Втори уште во 13 век. Недалеки е џамијата од 16 век, во која се чува скапоцена археолошка колекција. Покрај градот е плажата Пори со бројни таверни и барови. Во непосредна близина се и неколку минимаркети. Плажата Скифас е оддалечена 7 км. Морето е чисто и плитко, без бранови и сосема безбедно. Заради тоа, тука се изградени поголеми хотели, приватни вили и апартмани. На љубителите на сурфањето им останува заминување подалеку, на плажата Пера Какавос. Последниве години ова место привлекува внимание со прекрасните плажи и вечерните уживања во баровите крај брегот. Во тој дел не е можно откажување од задоволствата и даровите на локалната гатрономија. Главна карактеристика е изобилството на вкусови. Јадењата се богато зачинети со жалфија и мајчина душица. Мајсторите на кулинарството користат и грозје, маслинки и смокви во изобилство. Нужно е да се пробаат домашните тестенини, похованиот кашкавал, солените пржени парчиња торта,.. И секако виното малвазија кое е најважен извозен артикал на југот од Пелопонез. Византискиот град – тврдина е дел од светското културно наследство. ,,Камениот брод,,, како што поетот Јанис Рицос го нарекува овој град, спремно ги дочекува сите заинтересирани за прошетка низ вековите.

monemvasia 3

Loading