МОРЕ И БАЊИ ВО ЛУТРАКИ НА ПЕЛОПОНЕЗ

Во Коринтскиот канал

hotel-plaza-lutraki-peloponez-780

Лутраки е летувалиште во близина на Коринтскиот канал на Пелопонез во Грција. Домаќините љубоморно го чуваат за себе. И со причина, бидејќи Лутраки е необичен и во многу нешта посебен. Потсетува на она што постарите генерации со задоволство го конзумирале летно време. Личи на мирот и убавината на далматинските гратчиња вдолж на Јадранскиот брег.

И Лутраки е на море, со плажи покриени со камчиња, заплискани со нестварното синило на кристално чистата морска вода.    И ова последново е картата на која играат домаќините кога се во прашање туристите. Укажуваат дека синото знаменце им е закачено на плажите уште од 1993 година. Тоа е своевиден печат за квалитет.

kazino-lutraki

Ама не е само ова вредност на современиот Лутраки. Мал поглед на назад открива Терма, што е древно име за Лутраки, кое потекнува од божицата Артемида, заштитничката на терапевтските минерални води. Градот бил и колевка на древната грчка цивилизација, бидејќи неговата централна положба, во комбинација со познатите, лековити природни минерални води, биле познати како најценето бањско лечилиште уште во античка Грција.

Во лето се живее ,,сто на саат,,. Бројни туристи уживаат во благодетите без страв дека во тој метеж нема да најдат место за себе. Покрај факот дека сé е полно секогаш, се пронаоѓа празна маса таму каде што се навраќа само на пијалак и таму каде што гостите ги чека изобилство од гастрономски волшебства. Градот е одлично снабден. Тоа не е чудно, бидејќи се наоѓа на вратата на Пелопонез што ја храни половина Грција.

До Лутраки се стигнува брзо. Со трансфер со модерни климатизирани автобуси, од аеродромот до Лутраки нема да се украде многу време. Возењето по модерниот автопат трае околу еден час.

lutraki

Туристите не пропуштат шанса да го запознаат Пелопенез. Почнуваат со разгледување на Коринтскиот канал, кој е меѓа меѓу Атика и Пелопонез. После се оди по истиот пат, каде оделе и славните Спартанци, на патот кон Термопилите со намера да ја сочуваат Грција од персиската наезда. Значи, на југ кон Епидариус, во чија близина се наоѓа најпознатиот и денес активен старогрчки театар со нестварна акустика. Епидариус во античкото време бил и лечилиште. Останала легендата дека многу болни минувајќи ги ноќите во салата за спиење, сонувале сон кој им укажувал начин на оздравување. Фасцинација се и остатоците од Микена со капијата со лавови на прочуениот крал Агамемнон, кој ја кренал Грција на нозе и тргнал во Тројанската војна.

lutraki-plaze

Некогаш Пелопонез бил поврзан со копното. Со прокопувањето на Коринтскиот канал во 1893 година, полуостровот станал остров. Големиот потфат почнал во 1881 година. Каналот е изграден во права линија во должина од 6 км. и 343 метри. Преку него се поставени 2 моста. Река од туристи секојдевно го преминува мостот, застанувајќи во средината, поради убавиот поглед и заради фотографирање.

Во видокругот на едната страна е Јонското, а на другата Егејското море. Кога ќе се премине мостот, првата голема населба е Коринт, од каде се раздвојуваат две исклучителни туристички насоки. Кон југ се патува кон возбудливата Арголида… Во насоката кон запад е брегот на коринтскиот залив, а преку Патрас е патот кон светилиштето Олимпија, лулката на античките олимпијади кои траеле повеќе од милениум.       

Loading