Лазурот на Фетије

452

Градот Фетије се наоѓа југозападно на Анадолскиот Полуостров во Турција. Го заплискуваат водите на Средосемното Море. Фетије е во истоимениот залив, познат по 12-те острови во областа Мула. Брои околу сто илјади жители. На крајбрежјето доминираат високите масиви на планините Ак, Баба и Беј каде ,,отскокнуваат,, три врвови повисоки од 3000 м. Тоа е природен контраст крај најубавата плажа на западното турско крајбрежје, познато како тиркизен брег, заради преубавата боја на морето. Климата е средоземна, што поздрабира долги топли лета и многу благи зими со големи количества на врнежи. Тоа всушност е предуслов за бујната вегетација, по која е познат целиот регион. Туристичката сезона трае од април до ноември со просечни температури околу 30-36 денски и ноќе околу 26 степени. Влажноста на воздухот е ниска, а температурата на морето е над 27 степени. Идеален период за одмор е од почетокот на мај до крајот на септември. Загарантирани се пријатните сончеви денови и исклучително топлото море.

454
Историјата на градот се поврзува со древното Ликиско кралство. Главен град на Ликија бил Каснтос, а најголемото светилиште било во градот Летон. Древните Ликијци имале свое писмо, јазик, обичаи и богови. Потеклото им било прехититско. Најголемите 23 градови се обединиле во Ликиска федерација која претставувала демократско тело со 23 члена. Ликијците се споменуваат и во хомеровата Илијада, како сојузници на Троја. Процесот на елинизација почнал со доаѓањето на Александар Велики во 333 г. п.н.е. Ликија после ја презел Птоломеј и областа доживува процут. Таа била дел од Источното римско царство. Во 6 век почнува арапското освојување и судбината се поклопува со судбината на целата Анадолија. Античкото име на Фетије е Телметус. Легендата зборува дека Аполон се заљубил во младата ќерка на кралот Агенор. За полесно да го освои нејзинот срце се претворил во милно кученце. Подоцна се венчале и синот го крстиле Телметус или земја на светлината. Од 10 век името се менува во Макри, што на грчки значи далечина. Во периодот од 1923 – 30 г., после доаѓањето на Ататурк, грчкот население се иселува по одлука донесена на Мировната коференција во Лозана. Оттогаш градот се вика Фетије, по Фети Беј, пилотот херој од Првата светска војна.
Во центарот треба да се посетат стариот дел, грчкиот амфитеатар и ликиските гробници, кои се сведоци на славните времиња на Ликиското кралство. Силните земјотреси неколку наврати, последниот од 1967 г., потполно го разурнале градот. На 6 км. од центарот на Фетије е Кајакој. Тоа е најголемата напуштена населба од грчките жители во времето на размената на народите. Го викаат уште и село на духови, оти уште можат да се видат разурнати домови цркви и гробишта. Модерното Фетије се шири и развива од година во година. Многу се гради.

455
Турската кујна со векови била изложена на влијанието на Истокот и на Западот. Затоа денес е богата и разновидна. Бројни јадења не само што имаат сличности во подготовката, имаат и наши имиња, како сарма, ќовте, бурек, ѓувеч, баклава… Во турската кујна акцент е ставен на предјадењето, односно на мезето. Тоа се состои од ралични сосеви и салати, комбинирани со пити и печива. Главните јадења се богати со зеленчук, ориз и риба. Месото се користи во помали количества. Народната поговорка вели дека девојка која не знае да подготви најмалку 200 јадења од син патлџан, не е подготвена за мажење. Често се служат и чорби како главно јадење. Десерти се кадаифот, сутлијашот, локумот, баклавата, тулумбата. Не би требало да се пропушти комбинацијата на лубеница и бело сирење, домашното кисело млеко со слатко од грозје или потпечено полномасно сирење со мед. Од алкохолните пијалоци, Турците пијат домашна лозова ракија, ароматизирана со анасон. Во последно време се повеќе се конзумира пиво или вино. Од безалкохолните напитоци се пие црн чај или чај од јаболко. За време на жешките летни денови ништо не може да го замени ладниот ајран, солен редок јогурт, или свежиот сок од калинка, капинка и малина.

456
Без оглед на тоа што Турците најмногу сакаат да јадат во кругот на семејството, познати се и по брзата храна со источни корени. Донер кебабот е јадење слично на грчкото гиро, кое се прави со јагнешко и пилешко месо, со кое се полни специјален леб или тортиља. Пиде е специјалитет, сличен на пицата. Лакмаџун е многу тенко тесто со мелено месо и зеленчук. Кокореч е бел леб полнет со пржени џигерчиња и други внатрешни органи.

marmaris-night 1
Љубителите на шопингот не ја пропуштаат посетата на големите базари во срцето на градот каде купувањето се врши на традиционален начин. Вообичаено е нагодување со цените или ценкање, затоа што цените не се фиксни. Можат да се купат предмети од керамика, стакло, алабастер, памук, свила, кожна галантерија и накит. Се нудат квалитетни копии на моделите од големите имиња на светската мода како Луј Витон, Диор, Долче Габана… Има и продавници со познати актуелни брендови Бенетон, Вајкики, Манго…

fethiye
Фетије има летувалишта за незаборавен помин. Има многу барови и ресторани во стариот дел и на главното пристаниште. Има дискотеки во Олудениз, кој е центар за забава на младите, а стариот дел е помирен.
Регионот изобилува со прекрасни плажи квалификувани за најубави во Турција. Плажата Олудениз е оддалечена 17 км. Се стигнува со комби. Планината Баба, навалена над плажата, е позната по скоковите со параглајдери и летањето над плажата. Ова искуство е едно од најголемите атракции. Туристите со доволно храброст и авантуристички дух не го пропушаат. Патара е најдолгата песочна плажа во Турција и се наоѓа покрај истоимениот ликиски град на 70 км. Плажата Капуташ е на 100 км. од Фетије покрај градот Каш. Ова е најживописен приморски градови со задржана традиција покрај незапирливиот развој. Плажата е најсликана, бидејќи морето е кристално чисто со тиркизна боја, речиси нестварно.

marmaris-yacht-marina

Loading