ДАЛИ АЛКОМЕНА Е ТВРДИНА НА МАКЕДОНСКИТЕ КРАЛЕВИ

Бучинци – потомци на древниот град

Алкомена или селото Бучин бил древен антички град од пред 2500 години. Неколку илјади години се исти климата и плодородието на земјата. Луѓето од Алкомена биле и се лични и умни. Личат на статуите од Стибера и Хераклеја. Потврда се материјалните докази на потомците на боговите и кралевите што живееле на тој простор. Постојат артефакти. Тоа се творечките жигови, уметничките предмети, орудијата, парите од сопствени ковачници. Алкомена е еден од градовите кренати од Филип Втори.

Според Ангелина Марку, нашинец од странство, со потекло од Бучин, забележал оти ликовите на луѓето на сликите во книгите од нивното село биле слични со фреските во црквата.

– Ми рече дека небескиот одред на ангели, слетал на ѕидовите на црквата и манастирот. Според него, го бранат народот за вечност кршно момче, рунтав и црвенкаст како борците на Пелагон и како македонските водачи од фалангата со исто оружје и смирувачки изглед – пренесува Марку.

Забележала дека на физиономијата му блескаат забите  и имал широка насмевка како Македонците што живееле кај Бучин, а што ги опишува Хомер.

– Според Хомер, девојките сјаеле од убавина како богинки. Странци кои минувале го забележале убавиот народ, способен и гостоприемлив. Генот е  ист,  колку да го накршнува времето и генерациите – кажува Марку. 

Според неа, бучинци се наследници на Алкоменците. Жилави се и збиени. Преживеале неколку милениуми. Селата се збиле како синџир и живеат сложно како и некогаш, под власта на античкиот град Стибера од двете страни на Црна Река.

Селаните не смеат да ораат подлабоко од 30 см, оти од земјата излегува лесно кршлива керамика, потоа мермер, железо. Се кршат плуговите на тракторите. И патиштата се на античките основи. По дожд светкаат исплакнати монети и стара бронза, како да се рудници за антички предмети од минатото до сегашноста. Никој не знае што крие земјата и колкаво е археолошкото богатство. Само некои храбри “истражувачи” дивеат и се обидуваат да присвојат дел од нашата историја. Слабо е заштитено неоткриеното старо богатство што цивилизациите го дарувале во изобилие просторот. Пелагонија е милениумски ковчег, зашто таму живееле воините на античките Македонци кои се вратиле од освојувачките походи на тогашниот познат свет.

Кога и да е, мистичната Алкомена ќе прорти од земјата.

Loading