НАИВНА МАКЕДОНСКА ОПОЗИЦИЈА

pismo-2

Нашите премудри велат дека треба да се остави минатото и да се гледа на иднината. А мојот одговор е дека во минатото е иднината. Затоа треба да се проучат Крсте Мисирков, Димитар Влахов, Павел Шатев, Тодор Александров, Гоце Делчев, Ченто… Јане Сандански преку Мис Стон ја кутна на колена и Америка и Турција. Питу Гули со своите 17 борци ја пречекуваа достоинствено смртта, штитејќи го достоинсдтвото на Македонија. И борците на Ножот го потврдија тоа достоинство и добија признание од турскиот водач со истрелани три почесни плотуни и зборовите; – ,,Така се штити и се гине за сопствената држава,,. Овде се и солунските атентатори, војводите, партизаните…

Што остана од нашето славно минато? Кој ја штити Македонија и мојот македонски народ? Северномакеоднците немаат своја историја и не се Македонци. Затоа го имаат НАТО и своја илузија наречена ЕУ.

Опозицијата седи во парламентот и го чека први во месецот, правејќи им друштво на Северномакедонците и на другите уништувачи на државата. Кога на почитуваниот професор Ѓорѓи Марјановиќ му беше понудено да биде академик во МАНУ, тој им одговори: – ,,Не сакам да бидам во тоа лошо друштво,,. Во келијата на монахот влегува терорист со нож в раце и му вели: – ,,Знаеш ли кој сум јас. Ножов можам да ти го забодам во грлото без око да ми трепне,,.  А монахот одговорил: – ,,Знаеш ли кој сум јас. Ќе ти дозволам ножот да ми го забодиш без око да ми трепне,,.

Чашата се прелеа по неуспешниот референдум. Тоа официјално го кажа ДИК. И што потоа? Избраните не го почитуваа гласот на избирачите, па ги направија сите зла. Со присуството во Парламентот, опозицијата стана соучесник. И топтан отидоа на целивање рака во Брисел. Така не се штити својот народ. Сите да учите од минатото.

Од септември доаѓа двојазичност што почнува од музичко образование од 6 ,7, 8 и 9 одделение низ цела Македонија. Нашите деца ќе учат албански само како се викале музичките инструменти и некои албански песнички со претходно совладување на нивните албански зборови. Допрва нé чека раздавањето со потпишаните договори. Ја немаме веќе нашата богата антика, идентитет, име, историја, оспорен јазик, двојазичност, 40 метарски минариња, диви албански градби во срцето на Охрид, Матка, и што ли уште не.

Сурова завршница на богатото историско македонско наследство. И писмените и неписмените ја испустија историјата. На ред се историските фалсификати. А таму влогот е преголем. Само ние можеме да откриеме кој сме. Кога дојде апостолот Павле рече: – ,,Браќа, внимавајте некој да не ве заведе со празна измама,,. Но, Бог е милостив и праведен,,. И Шекспир испраќа убава порака; – ,,Постои линија, за нас невидлива, која што ја сече секоја наша патека меѓу Божјото трпение и неговиот гнев,,.

Со скршена кичма на никого не им сме потребни. Каде сме живееле досега? Во вистинска или во погрешна историја? Чија е?

ПЅ. Еден загрижен Северномакедонец ме прашува, колку некои ме плаќаат за моето пишување?! Одговарам дека сум прескап некој да ме плаќа за моето пишување. Прескап сум. Срамота! Македонија е моја љубов и фамилијарна судбина. Никогаш во животот не би си дозволил да бидам нечија мивка.

Прим. Д-р Благоја Дамески

Loading