ДВЕ ПРЕСТОЛНИНИ ВО ЕДЕН ГРАД

Никозија – Кипар

57578790 427867677777423 403373509509515462 n

Ниту со недели по враќањето од Купар не може да се соберат импресиите за Никозија. Не се ослободуваат мислите за чекорите во поделениот град на турски и на грчки дел со зелена линија. До пред десетина години границата ја обезбедуваа единици на ОН. По речиси 50 години од инвазијата на турската војска на северниот дел на островот, населен со Турци, Никозија од 1973 година е градот што ја носи етикетата на единствена поделена престолнина во светот, како некогаш Берлин. Но, без ѕид, туку со изобилство на шарм. Во 2008 година е тргната тампон зоната во градот меѓу кипарските Грци од јужниот дел и Турците од северниот дел. Улицата Ледра е отворен граничен премин контрола меѓу едниот и другиот дел од градот кој некои го викаат и Лефкозија или Лефкошу. Изгледа загадочно. Еден град со три имиња. Мистеријата да биде поголема, на некои грчки карти нема детален опис на северна Никозија, туку е обележано пространство наречено ,,окупирана територија,,.

Јужната страна на градското јадро е населена, нормално со Грци. Секој ден илјадници Турци ја минуваат градската меѓудржавна рампа да работат на европскиот, грчки дел на медитеранскиот остров, кој е членка на ЕУ, поради повисоките плати. На дел од запустениот и делумно руиниран граничен раб од сиромашни куќарки на турскиот дел уште стои бодликава жица. Фотографирањето на оваа меѓа е забрането. Делбената улица ,,Ледра,, се препознава со растот на метежот, дуќани, продавници, кафетерии, ресторани, гостилници со разни арома на зачини и ѓурултија на турскиот и грчкиот менталитет. Улицата што го дели градот е раскошна, полна со продавници, од кои на едната страна се купува во евра, а на другата со турски лири. Може кај Турците да се пазари и со други валути, но кај Грците тешко минува турската лира. Сепак, парите се пари на двете страни. Навикнати се и функционираат бизнис релациите на ,,душманите,,. Тоа за нив е природно, иако изглед чудно за туристите, осбено со честите минувања на камиони со војници во маслинести униформи.

evening in the alps-wallpaper-1280x1024 sa57dbe312a7927

Таму има и легитимирање, и пасошка контрола меѓу Република Кипар од ЕУ и непризнаената Турска Република Северен Кипар. Белите знамиња со црвена полумесечина или обратни од турските, се знак дека е границата. Иако меѓународно никој во светот не ја признава, освен Турција, власите удираат печати во пасошите. Дури во импровизираното биро подаруваат карта со знаменитостите и атракциите на турскиот дел.

Во близина очите ги ,,боди,, големиот пазар или на турски Капели чаршија. Тука е и Селмије џамијата. И да не сакате да посетувате верски објекти, треба да се види архитектурата на градбата од 13 век. Прекрасно здание е и Бујук ан, подигнат од Синан Паша при крајот на 16 век. Изграден е од жолт камен во кружна форма на два ката со 68 одаи. Анот бил кренат за одмор на  патници и намерници.

Nicosia-Ledra-Street

Сега има и 10 продавници со рачно работени сувенири. Гостилницата е претворена во уметничка галерија. Најинтересна градба е британскиот колонијален совет на законите на плоштадот Ататурк во центарот. Објектот е користен сто години за канцеларија на јавните служби, оти Кипар, каде и на грчкиот и на турскиот дел уште се вози на левата страна, бил британска колонија до прогласувањето на независноста во 1960 година. Кога би се издвојувал еден обејкт, тогаш тоа Елдра музејот и опсерваторијата на последниот кат од Шаколас тврдината. Од врвот, од 11 кат, за сетилата за вид се отвора најубавата панорама на Никозија. И изборот внатре на нова технологија со историја и 3Д техника, макети, фотографии е импресивен. За љубителите на историјата се препорачува уметничкиот фолклорен музеј кој се најдува во стар манастир стар 6 века.

Да се открие Кипар нужно е барем да се ѕирнат двете страни на Никозија. Поинаку, впечатокот е половичен.

nikozija

Loading