ВЕТЕНИ СЕ ВЕТЕНИЦИ – ПРИЛЕПЧАНИ СЕ КАКВИ ШТО СЕ

pismo-2

Добро е кога на некое отворено писмо во печатот, оние на кои се однесува ќе реагираат на било кој начин. На моето писмо во бр.547 на неделникот Зенит, покрај тоа што имаше две интервенции, имаше и одговор на Комуналец со намера на некакво оправдување, во стилот дека биле најдобри, ама граѓаните биле тие кои ја девалвирале нивната работа.

Прилепчаните се такви какво што се. Сите сме дел од нив. Културата ни е каква што е, ама нашите избраници, челните луѓе во локалната самоуправа треба да се прилагодат на нив и да ги исполнуваат ветените ветеници за заедничкиот живот да ни биде попријатен на сите. Има многу начини како нашите сограѓани да бидат поцивилизирани. Еден е да живеат во урбанизирана, средена, културна средина. Заедничкиот простор да им го направиме пријатен, уреден, чист, а со тоа и времето на преобразба на прилепчаните ќе биде покусо. Еве поткрепа за тоа. Комуналец ги исчисти моментно нечистотите од руините на ул. ,,Цар Самоил,,. Хигиената е повисока, ама остана руината. Претпоставувам, а и со поголем процент тврдам дека за кусо време објектот повторно ќе биде полн со секаков вид на ѓубре. И бездомниците и останатите посетители покомотно ќе ги минуваат саатите во чиста просторија. До крајот на летото Комуналец ќе треба повторно да ја исчити руината. Се разбира, доколку некој се поплачи до локалната самоуправа.

Не, драги наши избраници. Така не се работи. Тоа е само мачкање, бојадисување, камуфлирање. Благодариме, ама не ве оставаме така да работите. Ова не е мислење само на потписникот на ова писмо. Тое е глас на сите граѓани, прилепчани, кои преку овие зборови се пренесува нивното расположение, односно револт. Очекувајте дека гласот на прилепчани, преку страниците на овој наш весник ќе продолжи да биде присутен како се бара пат допре до вас, ама и да ве раздвижи. Верувајте ова е за општото добро на сите жители од градот, но и за ваше добро.

Тука сме.

Со почит. Миле Наумоски

Loading