ИСТАНБУЛ ГРАД НА ДВА КОНТИНЕНТИ

– Престојот во туристичкиот центар Кумбургаз претставува можност за активен одмор и релаксација 

– Египетскиот Обелиск на Босфорот

istanbul

Турција дочекува со сончев хоризонт, направен од кубиња и минариња. Истанбул е дом за најразлични луѓе и опкружување составено од најразлични слики, град кој живее и дише со своите 20 милиони жители, а не е само историски поим. Тој е град на два континенти, дестинација, единствен град на Европа и Азија кој ги преплавува сите сетила, а престојот во туристичкиот центар Кумбургаз претставува можност за активен одмор и релаксација. За туристите е незаборавно патување зачинето со мириси од чај и зачини, од џагор на уличните продавачи, во опкружување од некои од најимпресивните градби од сите времиња.

Град кој никогаш не спие

Истанбул пречекува опсипан со светлина, која уште повеќе ја истакнува грандиозноста. Прошетката и ноќното разгледување е доживување. Градот никогаш не спие. Улиците се полни со весели и насмеани луѓе, шаренило од бои, арома. Идеален спој на култура и религија, место на кое се состануват Европа и Азија.

При разгледувањето прва мета е најстариот истанбулски споменик – Египетскиот Обелиск. Византскиот цар Теодусиус дозволил да биде пренесен од египетскиот Луксор во Турција. Веќе 1600 години одолева на силните потреси, кои, во просек секоја 100-та година, го погодува Истанбул. Одмор за очите е Сината џамија. Таа е една од најголемите и најимпресивните. Секако и најубаво изведената и декорирана џамија во Турција. Името го добила според материјалот на сино – зелена боја, од кое се направени плочките, вградени во ѕидините. Позната е по тоа што е покриена со стотици метра најквалитетни свилени теписи. Украсена е со стотици увозни кристални маслени ламби. Кога ќе се погледне Сината џамија однадвор, се добива слика на совршена хармонија со структурен облик во елегантна изведба.

Nacionalna atrakcija na Turcija se stomacnite tanci

Вдлабнатина за желба

Уште едно архитектонско ремек – дело денес е музеј. Тоа е некогаш најсветото место во византиската доба – Аја Софија. Нуди уживање во изработките од злато на старите мајстори. Пет години работеле илјадници мајстори од различни земји во светот. Со ставањето на раката во вдлабнината на ѕидот во внатрешноста на Аја Софија и завртувањето за 360 степени може да се посака желба со надеж дека  ќе се оствари.

Не е пожелно возењето со брод по Босфорот по дожд. Со сонце се ужива во прекрасниот поглед. Едната страна е Европа, а на другата Азија, со фасцинантни мостови, пристаништа, рибарски населби, модерни и луксузни вили, џамии… Босфор е мирен канал. Затоа објектите се градени на брегот. Местото каде се мешаат Црното и Мраморното Море овозможува прекрасен поглед. Единствената положба на Босфорот е полна со пријатната клима, богат ноќен живот, срдечните луѓе и одличната традиционална кујна, Кусо, атрактивна туристичка дестинација. Прекрасниот престој и уживањето во глетките на велеградот се надополнуваат со традиционалните турски стомачни танци.

Прошетките низ историскиот стар дел на градот, на турската бања, се збогатуваат и со шетање или купување на текстил и сувенири, со задолжителното ценкање кое е составен дел на пазарот во турскиот менталитет на трговците. Неодминливи се и луксузните трговски центри со блескави излози. Во елитниот дел сјаат модерни и урбанизирани згради.

s-l1600

Пазарењето е доживување

Во туристичкиот центар Камбургаз времето се минува со купување ситници, сувенири, накит… Пазарот таму е живописно место каде се најдува сé, сувенири, теписи, пердиња, ткаенини, шалови, традиционални облеки од среброи и рачно изработен накит. Пазарењето е доживување, оти е со посебен шарм и, секако, со неограничени можности за вкусување на традиционалниот чај кој се нуди на секој чекор. Малите работилници и продавници, шаренилото од бои и симпатичните продавачи претставуваат мамка за туристите да се вратат со полни раце.

thumbs b c c8f3475b10cac0555217b85cf57cbfc3

Предградието нуди уживање во топлата клима, со прекрасен поглед на морето, песочните плажи и крајбрежјето. Околината дише со позитивна енергија. Денот може да се мине и во еден од најголемите турски забавни паркови и спуштање со кануа низ водените површини, со симулации за возење формули и многу реалистичкото доживување на амазонските прашуми со сите пропратни ефекти со многу возбуди. Престојот мора да се искористи за проба на различни видови турски чаеви, кафе и мирудии.

Патувањето во Истанбул е незаборавно, соништата се претвораат во јаве и сеќавањата остануваат за цел живот.

ПОРЦЕЛАН ВО ИЗЛОЖБЕН САЛОН

Султановата палата Топкапи 400 години била административен центар на Отоманското царство, едно од најважните историски градби во Истанбул. Годишно ја гледаат очите на повеќе од четири милиони луѓе. Султановата палата е заштитена со високи бедеми, во чиј состав се 28 кули, има 3 излези на море и 4 на копно. Просторот на некогашната кујна, во која дневно се хранеле 1200 луѓе, денес е изложбен салон каде се чува третата по големина колекција на порцелан на светот. Во палатата се изложени и кочии, оружје, сребро, рачно изработени предмети од стакло, скапоцености, часовници, теписи, текстил…

Loading