ПОТСЕТУВАЊЕ НА ПРАВОТО ЗА ПОКВАЛИТЕТЕН ЖИВОТ

CIMG2827

Водени од љубовта кон нашиот град, а и тоа дека секое населено место е простор за заеднички живот на повеќе луѓе, животот на граѓаните треба да биде што попријатен и организиран. Она што не чини треба да се критикува за да се отстрани, а критиките треба да дојдат баш од оние кои се најпогодени, а тоа се граѓаните.

Секое населено место, село, град, е средина каде не живее поединец, туку поголем број на жители, заедница. Заедницата избира застапници за спроведување на желбите на граѓаните во урбанизмот, здравство, школство… За застапници на жителите се пријавуваат личности кои веруваат во своите способности да ги водат и решаваат сите проблеми од секојдневниот живот. Од друга страна, жителите ги избераат најдобрите и им даваат доверба, мандат на одредено време, и со право очекуваат поквалитетен заеднички живот. Избраниците,се разбира, за одреден надомест, се должни тоа што го ветувале да го исполнат и да го направат местото на заедничко живеење најдобро што може да биде.

CIMG2828

Во името на тоа право за поквалитетен живот на заедницата, може да им се забележи нешто на нашите избраници. Нема да застаниме, но ќе бидиме дежурни критичари на работата на локалните застапници. Секој граѓанин во ова медиумско ќоше може и треба да ги дава своите забелешки, како придонес Прилеп да го направиме многу подобар простор за живеење во интерес на сите нас. За почеток само мал дел од урбанизмот на кој треба најитно да се одговори..

Отстранување на старата градба, поточно руина на ул. ,,Александар Македонски,,  карши паркот кај Шаторо. Руината сега е напуштена и се очекува дека и на најмал потрес можи да се урне и да предизвика несакани последици, дури и по животот на граѓаните. Градбата е на прометно место, каде минуваат тешки моторни возила кои прават големи вибрации, доволни еден ден да предизвикаат рушење.

Отстранување на стара градба на ул. ,,Борис Кидрич,, поранешна, улицата кон прилепскиот гарнизон, која одзема половина улица и претставува општа опасност како за возачите, така и за пешаците. На урбано место за живеење не му е потребна таква градба.

Отстранување на градба на ул. ,,Војводинска,, и проширување на улицата. Сообраќајницата е премногу прометна, една е од двете улици кои ја поврзуваат Точила, со останатиот дел од градот. Објектот буквално се најдува на средина на улицата. Може некој несакан посетител да му влезе со автомобил дома на сопственикот на градбата. Уредувањето ќе предизвика намалување на опасностите и регулиран сообраќај. Премногу опасно како за возачите, така за пешаците, а и многу корисно за сите граѓани кои се движат во двете насоки кон и од Точила.

CIMG2829

Отстранување на две градби руини на ул. ,,Цар Самоил,, поранешна ,,Иво Лола Рибар,,. И двете личат на сé само не на урбан дел. Опасни се оти им се заканува  самоуривање. Тоа е и ризик по животот на жителите кои секојдневно минуваат, особено по жителите кои граничат со нив. Претставуваат жариште на заразни болести, дувло на влекачи, глодари, сомнителни ноќни посетители, од каде се слушаат неартикулирани гласови. Дење, на човек да му е грозно да погледне. Само на неколку метри претстојуваат децата со церебрална парализа. Дали треба уште да се аргументира за да се реши овој проблем во најкраток временски период? Уште еден аргумент. Руината се наоѓа на прометно место, на пат за Паркот на револуцијата. Би се чувствувале попријатно сограѓаните или гостите додека минуваат да набљудуваат урбана парцела, пријатен простор, парк…

Посакувам да не се повторат ваквите примери, кои ги има многу, поради  јавашлук или одолговлекување на градежни активности на прометните улици. Така беше со ул. ,,Ленин,, каде неколку месеци беа поставени знаци за извршување на активности зафаќајќи ја половината од површината од улицата. Додека автомобилите се дижат лево и десно со нервози на возачите.

CIMG2830

Ова личи на сé, само не на одговорност. Невидена антипропаганда на поимот за работа и одговорност. Човек мчовек да помисли дека во секторот урбанизам од локалната самоуправа седат земјоделци и сточари, а не инженери и правници. Прилеп не е само центарот и кафетериите. Се живее и подалеку со многу пореални потреби и проблеми за решавање. Се надеваме дека ќе го разберете тоа. Граѓаните кои сакаме поквалитетен амбиент за заеднички живот сме должни да потсетуваме. Сé додека не разбереме дека сте нé разбрале во нашите намери. Не е пријатно да слушате дека вашата работа е платена од нашите заеднички пари, секогаш кога не го исполнувате тоа за што сте поставени, а не сте одговориле.

Миле Наумоски

Loading