ВИНО, ОКЕАН И СЛИКИ НА ПЛОЧКИ

Порто

porto1 foto francisco oliveira

На скалите што се водат на високиот железен мост Луиш, пред кој се фотографира секој кој ќе дојде во Порто, две чифта валкани патики, истуткани маици, слики на фудбалери, неколку парички, ветва фудбалска топка и клуч на врвки. Се бара сопственикот со поглед на ова богатство и слуша: “Скокај, скокај, што си се уплашил”. Хор од детски гласови на камената платформа до мостот. А на мостот две мали ,,испржени,, и слаби момчиња од околу 13  кои се фрлаат во длабочината на студената и матна вода на реката Дор. Едното дете се колеба да скокне. Го бодрат минувачите пред да летне во воздухот во времето со облаци.

Ретко кој знае дека виното “Порто” не се произведува во Порто, туку во Гаја, во сосема друг град.  Да се стигне до една визба потребно е качување на стрмни улиците И тротоари со калдрма и обиколени со камени ѕидови.  Од височината погледот стигнува до Порто. Честат вино. Дегустацијата на вкусови  низ панорамата од Гаја. Низ улиците се пропезнаваат десетици помали или поголеми фабрики кои произведуваат вино ,,Порто,,. Нема да се измамите со името на виното. Тоа е послатко со околу 20 отсто алкохол. На влезот на винарската визба на брегот се плаќа, но некои од подалечните производители дозволуваат бесплатна дегустација на 3-4 видови. Винарите раскажуваат дека и денес грозјето се гази со голи нозе со музика и танц. Виното ,,Порто е слатко и јако сосема случајно. Виновна е политичката ситуација во Европа во 17 век. Британската војувале со Франција и морале да бараат алтернативи за француските вина. Го откриле регионот Доро. Во подготовката за долгото патување со брод до Англија, во секое дрвено буре додавале кофа или две ракија. Така, виното не се расипувало во контактот со воздухот. Војните середеле една по друга, па овој напиток станал популарен за кратко време. Во првата половина на 18 век, заштитено му е географското потекло, а денес се смета за еден од најпознатите португалски извозни производи. Се разбира, веднаш до Роналдо.

porto2 foto Jose Moutinho

Порто не е сјаен како Париз, луксузен како Лондон, или модерна како Њујорк. Тој е едноствен. Нема посебен споменик или позната градба. Градот е знаменитост за себе. Иако претежно е сив, дождлив и често непријатен за женски потпетици поради калдрмата, на Порто му се простува сé со една чаша вино. Патникот не може да се загуби и без мапа. Каде и да се најде и да заскита по старите сокачиња, ќе открива со сетилата за вид, па и за мирис. Ако го следи тротоарот, наречен “Калсада португеза” не се пропушта зоната Рибеира која го прави градот толку посебен. Тоа е строг центар кој излегува на брегот на реката, која е недопрен, полн со изронети фасади и балкон кои само што не се урнале Тој дел му припаѓа на светското културно наследство на УНЕСКО. Над главите на минувачите се лулаат свежо испрани чаршави и облека заедно со шалот на фудбалскиот клуб Порто, обесени на жица да се сушат. Обележје на градот е зелено-црвената боја на знамето на клубот. На најатрактивната локација ј во градот, освен јато галеби, живеат во мала соба од 10 м2. сиромашни рибари и жени на работ на егзистенцијата. Но со непроценливо поглед на “златната река” и восихтувачкиот мост, конструиран од Ајфел. Порто е град кој се распаѓа во исто време не би се допрел за да се смени нешто.

porto5 foto paolo margari

Оцрнетите и избледнети фасади се менуваа кон брегот на Атлантикот Амбиенот се трансформираат во луксузни вили низ редови на палми, и на брег полн со скапи ресторани. И тоа е ,,најмалиот, дел од Порто, спротивност на Рибеира. Хоризонтот е тука уникатен. Океанот, која изгледа како да сака да урне градот, полн со енергија кој во исто време има невидена бранови, ветер, бучава и мир на белиот песок. Порто е град на прекраснипаркови, од кои некои се дарови на богати семејства, пријателски настроени луѓе. Сликите на керамичките плочки се португалска уметничка дисциплина која е широко распространета во црквите, палатите, но и во обични домови и железничките станици. Шарени отпечатоци од секојдневието се забележуваат насекаде.

Најдобар начин за запознавање со градот е градската катедралата или прошетката низ стариот дел каде што ѕидовите на речиси секоја куќа е украсена во различен дезен. Азулејската традиција на плочките на фасадите, наместо во бањата, збунува. Дури и кралот Манел немал дилеми. Решил неговата палата во Синтра да се декорира на сличен начин. Првите плочки увезени од Севиља, според Исламот, не биле инспирирани со слики од луѓе, туку само со геометриски форми. Постепено, португалски уметници ги украсувале со животни, светители, сцени на настани и луѓе. И во сите бои, особено сина, зелена, жолта и бела. Во 17 век, биле во модерни само сини и бели плочки. Не е ни чудо. Во времето на португалскиот освојување, мајсторите ги копирале боите напорцеланот на кинеската династија Минг. Декоративните плочки имаат практична цел поради влажноста  која е често како и во бања.

Пред ноќта да го поплави денот се затвора приказната за Порто. Светилките се запалени околу реката. Со повеќе капки ,,Порто,, се открива  раст на прагот на толеранција и на адреналинот. И по повеќе посети, колку повеќе се запознавате со градот, толку повеќе ви де допаѓа.

rsz porto 9 salvador nobre da veiga

Loading