ПРИРОДНИОТ ФЕНОМЕН НА ПЛИТВИЧКИТЕ ЕЗЕРА

plitvice1

Во волшебната зелена вода, езерските растенија и стебла, па и густи шуми, и најстрмните карпи не ги кријат низата од нивоа на 16 езера на Плитвице. Сместени на допирот меѓу Лика и Кордун, езерата се создале во планинско подрачје над кое се белеат врвови со снег.

Вљубениците во природата одамна ја откриле убавината на феноменот долг речиси 10 км. Природниот дар ги минува локалните и државните рамки.  Станува збор за неповторлива врска меѓу водата и каменот, вклопени во дивината. Не одолеваат ниту  геолозите, биолозите и хемичарите. Откриле единствена поврзаност на живиот и неживиот свет и заклучиле дека сложениот систем е ранлив од човековите активности. Затоа Плитвичките Езера и околината уште во 1949 година биле прогласени за национален парк како предел со природна убавина. И УНЕСКО во 1979 година ги забележал во регистерот на светското природно наследство.

plitvice5

Езерата се привлечни особено во мај, кога врнежите и топоњето на снегот хранат со вода бујна пролетна вегетација. Водните растенија ги заобиколиле џебовите со мирна вода низ чија бистрина се гледа дното каде бегрижно пливаат мали јата кленови. На малите островчиња растат дрвца и грмушки опкружени со големи листови во водата. Билките ја пробиваат плиткоста. Низ водената џунгла и силниот шум на водопадите, се пробиваат стотина пајчиња низ помали и поголеми пречки. На поголемите падови на танцот на водата се засолнуваат во густото зеленило. Низ парчењето на водата се излива воздух и се создава водена прашина, која, низ зраците, се нијансира во боите на виножитото. Капките бегат во далечината и ги влажнат лицата на љубопитните туристи на блиската патека. Понекаде водените жабурки се скротуваат. Во водениот свет меѓу езерата Галовац и Козјакна изградена е патека на цврсти дрвени столбови. Тоа е патот до срцето на плитивичкиот рај.

Воодушевени од убавината сите се прашуваат како природата го создала овој бисер. Доволно е да се видат урнатите стебал а со сивкаста боја и да се најде одговорот. Седрата, тоа волшебно сивило го изградило водениот тек во чудо од светски размери. Оваа материја се таложи на секоја слободна површина во водата. Така се создале огромни бариери кои го спречиле движењето на водата натрупана во езерата. Седрата е темелниот феномен на Плитвичките Езера. Овој фитоген е заслужен за живиот свет и за природната убавина. Бескрајниот процес го овозможило прскањето на водата на брзаците. Така водата ги извајала големите водопади каде се паѓа од височината со сета снага на млазеви со милиони години.

plitvice7

Тишина го исполнува големото Прошенско Езеро, додека сонцето зрачи со пролетна моќ. Езерото е заокружено со шума чија зелена облека се пресликува на темно зелената водена рамнина. Небаре се споиле две природни дела на водата и растенијата. Тешко е да се отргни човек од впечатокот дека на бескрајната дивина пленува и облагородува. Чувствата ги милува сите сетила. Водата е камен ладна. Само за неколку секунден допир морници и трпки фаќаат прстите. Низ бистрината некаде длабока и до 37 метри јасно се гледа песокта во бела боја. Низ џиновските дабови стебла се урнале неколку елки. Опива ,,мирот,, на грмечките водопади од далечината. Растојанието од првото до последното езеро е 8 километри, а надморската висинска разлика е 114 метри.

Приказната почнува со потоците кои ги полнат езерата, односно Белата и Црната Река.  Водата блика под камената утроба. Тоа е извориштето. Понекаде водите од Црната патуваат мирно. Некаде зажуборуваат низ брзаците. Подолу се спојуваат со Белата Река. Од страните на неколку стотина метри бликаат и други стерни. Првите 12 езера се широки и со неправилни форми. Бреговите се благи. Последните четири, пред да дојдат водите во реката Корана, се во стрмна клисура висока на 50 метри. Поголемиот дел од денот се во сенка.

Plitvice9

На крајот од езерата е водопадот Плитвице како полукружен амфитеатар каде водата се урива од височина од 78 метри. Фасцинантна е глетката од панорамникот. Го одзема здивот. Водопадот се доживува во полн сјај во сончев ден кога блеска со безброј капки. Зраците раѓаат спектакуларна ѕуница во подножјето. Водената прашина ги освежува образите во лето.

Туризмот е главен извор на приходи. Изградени се неколку хотели и соодветни придружни објекти. Засилено е локалното градителство на инфраструктурата со нови патишта. Се развива економијата. Езерата се стегнати од сите страни. Тоа е допирање до кревката рамнотежа на природниот амбиент.  

Loading