НЕЗНАЕЊЕТО НЕ ОПРАВДУВА

Кој не помина, тој не уапа, а една ли мина ѓаволска орда

pismo-2

Зошто некои сакаат да бидеме заспани до ,,Турско,, до Крал Марко? А пред тоа, кај бевме? Почнавме да се разбудуваме и сфативме колку сме биле оќорени. Проколнети од историјата најдолго да страдаме и да се бориме. Држава без минато нема иднина, ограбена, продавана, предавана, бескорена надвисната над бездната, од која нема враќање. Во такви услови секоја земја исчезнува. Македонија постои и пролетниот ветер секогаш ја пробудува. Зошто Господ ни ја даде? За да ни ја земиш?

Грев било да си патриот! Не е потребно шумно да се исповеда љубовта кон својот народ и држава, како што шумно се исповедаат трговците во храмот за да измолат прошка за гревовите. Земјата се сака со сето нејзино минато и иднина. Големите луѓе ја сакаат Родината со молчелива љубов со која борците гинеа во минатото. Современиот нема Татковина! Како немаа? Има! Тоа е општото присуство низ вековите, и во јазикот што го зборуваме, и во лебот кој го јадеме, во песните што ги пееме, во обичаите, во мирисот на розите и пејсажот наоколу, во воздухот што го дишеме и  борбите што ги водиме.

На шаховско првенство во Пула, мој соиграч беше мајстор од Варшава, инаку професор по славистика. Тој ми рече: ,,Вие Македонците не си ја познавате доволно вашата најбогата историја во Европа, милениумското постоење на македонскиот народ. Дури Александар Македонски зборувал за разликите во идентитетот меѓу Елините и Македонците. Големината на вашата држава е во големината на вашата историја,,. Не може да се смени името, а да не се урни националното, не може да се сочува идентитетот, а да се вика Северна. Тоа е тектонско уништување на идентитетот, погром, идентитетска мртовечница, докусурување на македонскиот народ, укинување на целокупната македонска меморија.

Идентитетските прашања се право на државата. Тој што тврди нешто, мора и да го докаже тоа. Во Првата и во Втората Светска Војна се подели територијата, а сега и националниот суверенитет. Губитничка комбинација е вложување во уставниот суверенитет, покорност на разумот. Националност значи припадност на една нација, а државјанство значи припадност на една држава. Името е право на самоопределување.

Преспанскиот договор е директно мешање на една суверена држава. Имаме две држави, сосема различни. Со различни устави и внатрешна и меѓународна дефиниција. Едната со најбогата историја, а другата без историја. Законот е безправно игнориран, а правдата не се јавува ни за миг. Идентитетот е нешто што само по себе се разбира, што природно се наметнува. Сосема нешто друго е во моментот кога се прашуваме: ,,Кој сум јас, кој сме ние,,? Прашањата стојат кога се загрозени идентитетот на поединецот и на заедницата. Идентитетот опфаќа и делови што сме ги наследиле и делови кои само ги избираме. Имаме национален, јазичен, политички, културен, етнички, полов, професионален идентитет. Макединскиот јазик е ставен во пресија со двојазичноста и Преспанскиот договор. Тоа е билет за идентитетска смрт. Јазикот мора да биде заштитен со стандарди и мерила. Од ниту една држава не се бараат дополнителни услови за влез во НАТО и ЕУ. Овие асоцијации имаат обрска да ја почитуваат волјата на народот.

            Македонското малцинство веќе го заборавивме, одноно писмено се откажавме. Уште пред 250 години, со Весвалскиот договор е кажано дека ако нема малцинство, не постои народ, во случајов, македонски. Историскиот мрак веќе ги проголта античките Македонци, илинденците и партизаните. По НОБ имаше само 140 интелектуалци. Тие создадоа држава со сите нишани. Денес, дали имаме граѓански или национален Устав? На пример МАНУ. Академијата е плод на државата, а не на нацијата. Едно мнозинство го претвора во закон она што некое друго мнозинство ќе го измени во престап против законот. Затоа само со прочистување на левицата и десницата ќе се сочува Македонија и ќе вирее надежта. Грешките што некој ги прави се гледаат како повик за помош.

Прим.д-р. Благоја Дамески

Ставовите на авторот не се ставови на редакцијата

Loading