КРАЛИЦАТА НА БАЊИТЕ

banja 1

Врњачка Бања во Србија се наоѓа на просторот каде  била создадена поранешна српска држава – Рашка, во непосредна близина на бројни манастири, цркви и стари градови. Има седум добро познати извори на минерална вода, чија употреба враќа длабоко во минатото. Тамусе ужива во секое време од годината. Луѓето се релаксираат со години и тоа секојпат со нетрпение, како првпат. Нема ниту топло, ниту лошо време.

Првото нешто е кафетеријата во со име Швајцарија. Кафе-слаткарницата во центарот е обиколена со липи. Убаво е седењето и во најголемата горештина, ако се најде место. Метеж. Може да мине вечност додека келнерот ја донесе нарачката. Поради убавината, сите простуваат и се упорни. Покрај Швајцарија, се познатиот мостот на љубовта, полн со катанци на заљубени, и скулптурата на врачето во опинци и шајкача. Тешко се забележува ,,врапчето,, оти секогаш има толпа луѓе со фотоапарати. Ако немате слика до ,,врапчето,, како да не сте биле во Бањата. За мостот е поврзана и приказната дека пред Првата светска војна лудо се заљубиле учителката Нада и офицерот Реља. Тој отишол на бојното поле во Грција и се заљубил во прекрасните Гркинки. Така завршила љубовта со Нада. Поради екстремната тага, таа починала, а девојките кои сакале да ја зачуваат нивната љубов обесувале катанци на оградата од мостот со нивните имиња и клучевите ги фрлале во реката. Тој обичај бил заборавен додека Десанка Максимовиќ не чула за оваа приказна и ја напишала песната ,,Молитва за љубов,, со што продолжила традицијата на ,,врзување,, на љубовта.

Izvorot Topla Voda Vrnjacaka banja

Со шетање низ Бањата се ужива во раличните бои и мириси различни според сезоната. Најдобро се запознава Врњачка Бања ако се возите со некој од пајтоните од мостото на љубовта преку недогледливиот парк крај реката Врњачка. Не е лошо и пешачење, бидејќи се чувствува мирисот со придружната убавина. Паркот е полн со јорговани, липи, кипарис, разни грмушки и цвеќиња. Во паркот е и јапонската градина со водопад, езерце, мост, камен патеки, порти… Прошетајте до летната куќа на Џон Белимарковиќ, познат како замокот на културата над падината над топлиот извор. Таа е една од најстарите згради, изградена по примерот на тогашните замоци во северна Италија. До седумдесеттите години живееле наследниците на Белимарковиќ. После објектот го откупила државата и го прогласила за културно богатство. Денес е роднокраен музеј поврзан со Врњачка Бања и нејзината околина.

,,Должност,, е прошетката до изворите на минералните води. На секој пишува дека водата се пие само со лекарска препорака. Но сите пијат по голтка-две со надеж дека од толку малку вода ништо не може да се случи. Во Врњачка Бања извираат седум познати минерални извори, од кои четири се лековити. Најпознат меѓу нив е најстариот, Топла вода, заштитен знак  на местото, сликан на разгледниците. Овој извор бил користен дури и во римскиот период. Постојат и Слатина и Снежник познати како почетокот на 19 век, а најмладата извор Езеро откриен во 1978 година. Извор Снежник бил времено затворен, бидејќи бактерии се појавиле “на непознат начин”.

Врњачка Бања главно живее во летните месеци. Нуди забава и релаксација за секого. Постојат неколку отворен базени, голем број на ресторани и кафулиња, игралишта и забавни паркови за деца, многу ноќни клубови. Во летните месеци се одржуваат два големи настани. Едниот е бањскиот карневал, а другиот е фестивалот за филмското сценарио. Често се организираат концерти, изложби, литературни вечери… Се организираат и Батини денови, во чест на популарниот актер Данило Бата Стојковиќ, кој бил чест гостин во Врњачка Бања. На летната сцена се организира и дегустација на специјалитетите наречена “Батина кујна”.

Mostot na ljubavta - vrnjacak banka

Во вечерните часови, шеталиштето е преполно, без оглед на тоа дали настанот е во тек или не. Врњачка Бања е добра основа за богат бањски туризам, за екскурзии и откривање на историски знаменитости. Може да се оди во Жича, Љубостиње и Стабле. Поамбициозните можат да појдат во Маглич, Градац и Студеница. Блиску е Гоч каде микроклимата позитивно влијае на зајакнувањето на метаболизмот и на нервниот систем. Невидено зеленило, тишина и мир…. Што му треба повеќе на некој што живее во градот за да се чувствува добро. Преку обиколката на комплексот Добра вода, иако не е ски сезоната, се шета крај вештачкото езеро каде што е забрането пливање. Тоа не е пречка да се ужива крај него. Патот продолжува кон Брус,  до тврдината Козник. Но, нема патоказ и упатство дали повозрасен човек може да се искачи. Затоа патувањето  завршува со престој во рибникот Салус во местото Плеш. Многуте автомобили на импровизираниот паркинг пред ресторанот на рибникот сведочат дека местото е вредно за посета. Амбиентот е рурален. Шум на река, борови сенки и дабови шуми. Плус, професионална услуга и пристапни цени. Ова е еден од бројните рибници во околината, каде што се одгледува пастрмка. Останува изборот дали ќе купите свежа пастрмка сами да ја подготвите или да оставите на готвачи од еден од овие ресторани.

Loading