ПОДОБРА ПАТНА ИНФРАСТРУКТУРА

Прилепските и битолските стопанственици итно бараат

Zaednicka sredba

Итно решавање на патната инфраструктура во Пелагонискиот регион од која зависат и вложувањата во регионалната економија и компаниите и тоа што поскора реализација на веќе најавените експресни патни правци од Градско – Прилеп – Меџитлија, но и веќе долго бараното автопатско решение Битола – Прилеп – Велес и соодветно решавање на патниот правец Битола – Охрид. Ова го бараат т стопанствениците од прилепскиот и битолскиот регион. Плус, образовна програма за постепено решавање на сé поголемиот недостаток на квалификувана работна сила. Итно воведување на дуалното образование во средните стручни училишта и блиска соработка со компаниите со можност за воведување и стипендирање на потребните кадри.

На заедничката средба на компаниите организирана од регионалните стопански комори од Битола и Прилеп се расправаше за актуелните состојби во стопанството, тековни проблеми и перспективи за развој на компаниите.

Zaednicka sredba 1

– Се нотираат заеднички проблемите на стопанствениците од регионот за да се поттикне унапредувањето на економијата преку партнерско делување на двете регионални комори. Вакви работни состаноци се потребни за реалниот сектор да го каже својот увид и мислење. Бидејќи Пелагонискиот регион придонесува со 12 отсто од БДП во државата. Потребно е да се чуе гласот на стопанството од овој регион – вели Ирена Јакимовска, претседателот на Регионалната стопанска комора од Прилеп. 

Стопанствениците од Пелагонискиот регион како клучни проблеми ги потенцираа инфраструктурата, односно патното поврзување, недостигот од работна сила и растот на платите поради странските инвеститори во зоните кои добиваат и државна помош за разлика од домашните компании, растот на трошоците за електрична енергија… Порачаа интензивирање на инвестициите во гасификацијата, третманот на македонските производи во соседните држави и регионот, ја акцентираа потребата од регионална развојна стратегија во туризмот и угостителството, забележаа на инертноста на администрацијата и борбата со „сивата” економија во повеќе сектори .

На средбата присуствуваше Оливер Вучиниќ, управник на Царинарницата од Битола.

Loading