ТУРИСТИЧКА МЕКА КОЈА ТОНЕ

Венеција

i066

Венеција е италијанска дива на вода. Еден од најубавите градови во светот. Прекрасни палати и цркви и повеќе од 350 мостови. Град со мистерии, скриени под карневал маски… Романтиката на секој чекор годи и враќа во времето на дуждовата палата, венецијанските трговци, прекрасните фустани… Сообраќајот е забранет во Венеција. Постојат три начини да се обиколи оваа убавица. Првиот, и можеби најдобар, е прошетка пеш, при што се запира каде што ќе се посака. Така може да се направи фотографија на секој интересен историски споменик. Може да се направи пауза и да се биде господар на своето време. Друг начин е турнеја со венецијанска гондола. Тоа е најромантично. Но, не е препорачливо да се користи гондола во екот на туристичката сезона, оти се чека долго време. И цената на оваа авантура не е ниска.Чини од 100 до 300 евра. Третиот начин се туристички бродови на едра за уживање во убавината на Венеција од морето. Туристите најмногу ја избираат првата опција во комбинација со возење со туристички брод. Венеција е преполна со убавина. Таа е еден вид на музеј под отворено небо. Како и да е, најважно е да се направи првиот чекор, а остатокот доаѓа сам по себе.

St-Marks-Square-Venice 2

Венеција во средниот век била најголемиот трговски центар во Европа, познат како главен град наславната Венецијанската Република. Градот е изграден на стотици мали острови, првенствено да се заштити од дивите племиња, а потоа и од другите бројни непријатели кои не ја криеле желбата да ја освојат, покорат и поробат. Градот е полн со споменици на културата и со историски згради со свои приказни. Некои градби прераснале во икони на градот. Дуждовата палата била седиште на Венецијанската власт, што е одраз на моќ и богатство. Тоа било времето кога Венеција била врвот и веројатно најбогатиот град на светот – центар на светската трговија. По падот на Венецијанската Република во 1797 година, се лизга привилегијата на центар на моќта, но не се губи убавината. Италијанската влада во 1923 година ја прогласи Дуждовата палата за музеј отворен за јавноста, како што е  и денес. Плоштадот Свети Марко се смета за еден од најубавите плоштади во светот. Во раскошниот карактер на базиликата Свети Марко, се потпира историскиот центар на политичка моќ во Венеција – Дуждовата палата. На влезот е Саат кулата, Свети Теодор, познатиот споменик во овој плоштад, па крилестиот лав на Свети Марко, заштитникот на градот. Овој плоштад е на најниското ниво. Загрижувачки е податокот дека Венеција тоне до два  снатиметри. Симбол е црквата Свети Марко со многу ремек-дела, фрески и слики од познати уметници, филиграни од злато и стакло, скулптури, резби… Најмногу уметнички дела се донесени по грабежот на црквата Аја Софија во Цариград, после четвртата крстоносна војна во 1204 година. Атракции се мостовите. Најпознат е Риалто, поврзан со интересна приказна. Архитектите и уметниците Микеланџело, Сансавини и Паладија се натпреварувале во 16 век за најдобар дизајн на мостот, кој требало да биде изграден на местото на стариот дрвен мост на големиот канал. Победник бил “Антонио од мостот”. Риалто е центар на Венеција. Познат е по пазарот за сувенири, венецијански маски и овошје. Мостот на  воздишките е уште една атракција на градот. Поврзан е со градскиот затвор. Постојат две приказни за името на овој мост. Заљубените ја сакаат верзија која е именувана по воздишките на заљубените двојки кои ќе се бакнат на локацијата на зајдисонце. Интересна е верзијата на суровата приказна дека мостот бил изграден во 7 век да се поврзат стариот и новиот затвор од едната со другата страна на каналот. Преминот на мостот е последниот поглед за многу осуденици пред погубувањето во келијата. Легендата вели дека блиските на осудениците воздивнувале и лелекале во плач. Се шпекулира дека еден од ретките затвореници кои побегнале од затворот бил познатиот љубовник Казанова. Една од најпознатите згради во Санта Марија дела Салуте. Тоа е  црква. Била изградена од камен покриена со мермерен песок. Била знак на благодарност за закрепнувањето после епидемијата на чума што го зафатила градот. Огромната базилика е ризница на богатства на ремек дела на Тицијан и Џовани Белини, потоа статуата Донатело… Покрај вредните споменици, односно необичните архитектонски инспиративни зданија, Венеција е обилувал со музеи. Неизбежен и многу важен настан е официјалниот карневал, кој првпат се одржал во 1268 година. Тогаш била вообичаена појава да се шетаат луѓе во маски низ градот. Заштитен знак на карневалот, венецијанската маска, остана синоним за заговор, прељуба и сплетки. Но, и начин на кој му се овозможува секому да се забавува во стил на кој му одговара да “урива многу граници од дозволеното”. Маските кои некогаш биле за сокривање на класните разлики, денес се само маски кои можат да се купат на секој агол во текот на карневалот. И тоа од најскромна изработка, сé до оригинални, направени во рацете на врвни уметници. Само е битно колку човек е спремен да плати да го прикрие лицето.

vnecija

Венеција е туристички бастион на листата на атрактивни патувања. Цената на кафето еспресо на плоштадот Свети Марко достигнува до 30 евра. Ако сакате да пиете, одберете ја најстарата кафетерија во Европа, “Флоријан”, која била омилено место на познатиот заводник Казанова. Со кафето оди прекрасна музика на оркестарот. И денес е омилено место за елита на светот која ја посетува Венеција. На соседните маси често може да се препознаат познати лице, бидејќи Венеција е една од омилените дестинации на меѓународниот џет-сет.

Loading