И ИМЕТО ЌЕ ИМ БИДЕ КЛЕТВА

pismo-2

Свечено облечен утрото тргнувам кон Паркот на револуцијата.

„Господине, сте го погрешиле патот, гласачкото место е од спротивната страна,,.

„Млад, Господине, кога јас паднав, не паднав на глава. Телото ми бега но умот ми стои“.

Одам низ Паркот да им се извинам на хероите. Да им се извинам, што ги излагавме кога им рековме дека од Македонија ше направиме пристојно место за живеење. Ви ветив дека ќе ве штитам. Како и со кој, кога нашите станаа Европјани и не се повеќе наши. Кога Вашата крв ја претворија во обична вода, во големо ништо со кое си ги мијат валканите раце. Против судбината не може човек да внимава. Во себе го слуша звукот на погребните ѕвона. Од осамостојувањето до денес се накотија еден куп здивени и аздисани, чии резултати се непоправлива штета. Многу малку оставија зад себе, а премногу за себе. Типична одлика на примитивизам. Велеа дека ќе ги уриваат вашите споменици, музејот на револуционерната борба, дека ќе го променат името македонско и сé што е македонско, дека биле премногу цивилизирани за да бидат патриоти. Мислев дека тоа го велат од пркос, од инает. Но, ништо не излагаа. Ветеното го прават. Етничкиот корпус на Македонија е збришан, јазична војна, културен геноцид. За Македонија, тие се слепи.

Дојде засилување од сите страни. Јагнето се раѓа, волкот да не е гладен. Македонската антика не им е при срце. Затоа и од неа се откажаа. Историјата ја учеле од погрешни книги, па затоа сега со ,,помош,, на  нивните комшии ќе ја менуваат. Сите го гледама нивниот срам, но бесрамните не одговараат за своите зборови и дела.

Кон Могилата ми се придружува еден гопсодин со солзи во очите. ,,Добро би било кога маките би можеле да се решаваат со солзи,,.

,,Но солзите ми се сé што имам. Што ли сме í згршиле на среќата? Сон да беше, немаше да пиштам,,.

Несреќна е земјата во која нема херои, но не е среќна земјата во која има потреба од херои.

 Ни се придружува уштее ден господин, кој штотуку се вратил од гласање. Мој познаник. Во тебе ќе видам некој друг, некого кој не го познавам. Нашиот сомнеж во идеалите ќе биде нашето умирање. Овој народ е навикнат на смрт. Во својата смрт го бара лекот. На суштества без идентитет целта им е зад границите на вселената. Тие се оние кои се дружат со ѓаволот. Тие ќе се покајуваат и за своето покајување.

А и Боговите овие денови си ги врзале очите. Сепак Бог има свој план за нас. Ако не е така, немаше да бидеме спомнувани неколкупати во Библијата.

Македонијо, нека Бог те заштити од делата на злобните луѓе! И гробовите ќе се борат, и мртвите наши посилно се борат, зашто тие велеа: ,,Македонијо, ако те заборавам, јазикот да ми онемее и нека вечно проклетсво во мене тлее,,.

    Уште не мозам д асе разделам од надежта. Македонијо, ќе видиш И подобри денови. Можевме да бидеме гиганти, а станавме мигранти. Македонци, секокогаш ќе има некој што не може да ви ја види вредноста. Не бидете тоа вие. Не ги жалете оние кои не се повеќе во вашиот живот, а се на другата страна. Да враделе, би биле со вас. Зарем може да се случИ лошите работи да не ги казни народот?!. Македонецу, не биди јајце, (кршлив), тоа тебе не ти личи! Ајде некој нека биде разумен и нека ми одговори на прашањето: ,,Дали не саката Македонија да биде слободна и независна?!,,.

Такво е и референдумското прашање. Тоа се вика парадокс. Мислење спротивно за здравиот разум – бесмислица. После референдумот, во парламентот ќе се реќавала судбината на Македонија. Какво право си земаат сите кои ќе дојдат на власт слободно да манипулираат?!. Ќе правеле комбинации за двотретинско мнозинство. Можеби лесно ќе ги купат, но така лесно не ќе можат да ги продадат. Такви какви што ќе се покажат дека се.

Повисоките интереси на државата не можат да зависат од добрата волја на партиите, туку од цврстата волја на граѓаните. Не може државата да биде заложник на политички комбинаторики. Тие што лажат дека ова е последна шанса се во право. Не е последна шанса за Македонија, туку само за нив.

Ќе има некои кои ќе чувствуваат потреба да ја водата државава чесно, совесно, достоинствено и патриотски.

Син на паднат борец, Прим. Д-р Благоја Дамески

Loading