ТУРСКИОТ СЕН ТРОПЕ – БОДРУМ

Ne slucajno Bodrum go vikaat turski San Trope

Боемско сретнувалиште на многу уметници, писатели, естрадни ѕвезди и милионери од Турција и од целиот свет. Тоа е турскиот град Бодрум на брегот на Егејското Море. Најубавите јахти имаат редовна парада, а градската плажа чиста како солза. Кога ќе падне мрак, лежалките се заменуваат со столици и се пие вино покрај Егејот.

За Бодрум, првин се зборовите на една стара турска песна со име  “Бодрум, Бодрум”

,,Како да објаснам, од каде да тргнам.

Чувства, малку чувства, тоа е се што сакам.

Малку море, малку сон, тоа е се што сакам,,.

Не така одамна во подножјето на Карските Планини, од едно мало рибарско место, настанало еден од најубавите туристички центри на турскиот брег – Бодрум. Маузоловиот храм долго чекал да ја истакне значајната позиција низ огледалото на туристите, кои се желни за одмор и забава и нови сознанија.

Tirkiz niz bodrumskata laguna

Кога ќе им се спомене Халикарнас, се мисли на најголемата позната дискотека во Европа. Халикарнас е мавзолеј, не е надгробен споменик, Ефес е пиво, Артемидиниот храм не е харем, а Херодот е татко на историјата, кој се родил во подрум во Бодрум.

Антички чуда

Со Херодот се учат, запознаваат и се доживуваат чудата на античкиот свет. Од седумте, на овој простор се две кои треба да се видат. Се чувствува близината на долината Меандра, древните градови, Афродизијас, Дидима и Милет, места низ кои тече бескрајната приказна за Ефес и Артемидиниот храм. Карските династии кои оставиле длабока трага. Мавзол ја завршила градбата на неговиот грандиозен споменик во срцето на градот. Старите цистерни за вода го враќаат средновековниот дух. Од капијата на Миндос се простира поглед на театарот кога цветала античката култура, Халикарнис, со 13 илјади седишта. Денес се одржуваат културни манифестации. Концерт одржал и Бреговиќ. Сé е бело. Архитектурата потсетува на грчките острови од кикладскиот архипелаг. Таква е и атмосферата. Бодрум е турскиот Сен Тропе. Боемско сретнувалиште на многу уметници, писатели естрадни ѕвезди и милионери од Турција и од целиот свет. Најубавите јахти ја имаат редовната парада, а градската плажа е една од најчистите на светот. Кога ќе падне мрак, лежалките се заменуваат со удобни столици, се пие вино покрај Егејското Море. Надвор од градот се наоѓа најубавата природа, заливи, плажи и места што ги составува единствен назив – Бодрум.

Морето заплискува столици

Бодрум го разделува ридот. Возејќи се низ улицата Александар Велики, а може и пешки, се затвора круг околу две преубави места кои се спојуваат во една целина. На југоисточната страна на полуостровот претставува атракција заливот Гекова. Тесните и диви заливи, боровата шума и старите блиски села, се мека за крстарење и обиколка со туристичко бродче по примерот на оригиналните рибарски бродчиња. Впечаток е дека Бодрум е држава во држава. Градот се разликува од сите места по должината на турскиот брег. Родените бодрумќани уживаат во белите вили на зелениот полуостров. Шетањето по тесните улички, кои се составуваат со бодрумската марина и просторот околу тврдината Свети Петар, се закрепнува со локалната стара гостилница на брегот со традиционалниот црн чај. Може да се одигра и партија тавлија, а наргилето не е задолжително. По пешачката зона, може да се сврти во тесните сокачиња до малите плажи на кои подготвено чекаат столици што ги заплискува морето. Љубезниот персонал стои на штрек, подготвен да излезе во пресрет, додека туристите уживаат во погледот на црниот остров – Караду. Тука се и најубавите ресторани со специјалитети од морски плодови. Тука се подготвуваат најубавите специјалитети од тесто,  своевидна турска пица, потоа разни донери, кебапи од Адана, или пак оние од Амфора. Лутите пиперчиња се бесплатен зачин, а костенливото овошје е на сите страни. Не изостанува ниту шопингот, од сувенири до кожни сандалки што се изработуваат од дамнина и се вистинска уметност. Еднаш неделно се актуелни пазарите. И на зелените пазари има туристи од цел свет. Заливот Туркјубк е резервиран за најбогатите Турци, кои пристигнуваат со своите лимузини на вода. Ноќниот живот е посебен, од големи дискотеки до мали урбани повлечени локали. Катамаран (брод) клуб испловува точно во 12 часот. Таму негде низ морската шир, далеку од сите се ужива во животот. Сите амфори од Средоземјето застанале во крсташката тврдина Свети Петар, најголемиот музеј на подводна археологија во светот. Повеќе од еден век, тврдината била истурен дел на христијанска Европа на границата на растечкото Османлиско царство. Витешките редови на Свети Јован врежале неизбришлив печат. Во музејот има остатоци од пронајдениот брод кој и припаѓал на египетската кралица Нефертити. При изградбата на овие импозантни тврдини користени се блокови, статуи и релјефи од мавзолејот кој настрадал во земјотрес. Толку блиску е и грчкиот остров Кос, местото каде што е роден таткото на медицината Хипократ. Поради  близината на Ефес, и овој локалитет е привлечен за излет, но со брод. Тука се и старите џамии, цркви и неодминливите тврдини, градени со ред од витезите “Јовановци” од Родос. Останува впечаток дека Бодрум е место на кучињата, а Кос е островот за мачки. Блиски, а толку далечни. Температурата при крајот на септември не паѓа пониско од 30 степени.

Мирисот на летото го дополнуваат вилите на секој чекор. ,,Му благодариме на Ататурк, благодарам и на Шаќир, познатиот “рибар од Халикарнис”, новелист, етнограф и патописец,,. “Чувства, малку чувства”, да се нурнеш во синилото на Медитеранот, да извадиш уште една амфора. “Малку море, малку сон, тоа е сé што сакам”, на дофат на раката, светското чудо, Бодрум, Бодрум.  

Loading