АЛЕКСАНДРА ОД ПЕЛА И БОЖИЦАТА АРТЕМИДА ОД КОКРЕ

P5270215-v1-800x445

Жители од селото Кокре во Мариово претставуваат еден епиграфски споменик од 3 век, односно од римскиот период. Двајца претставници на аристократијата од истото време, се претставени на мермерни плочи и ја красат камбанаријата на селската црква. Посебно внимание привлекуваат многуте мермерни споменици со релјефи и натписи. Меѓу нив и такви кои упатуваат на култна намена, потоа надгробни стели, елементи од разновидни градби и сл.

P5270215-v1-225x300Со релативно долгиот натпис на својата површина, како и со својата содржина, се истакнува еден мермерен жртвеник, која денес се наоѓа во Музејот на Македонија. Споменикот е најден на локалитетот Врлен Камен. Многу убаво е изработен и содржи натпис, кој возбудува. Тој упатува на антички егзистенции од првите векови. Такви биле божества од тоа време – божицата Артемида Ефеска. Се споменува и градот Пела, престолнината на македонските кралеви, и уште еден непознат град. Според текстот, жртвеникот го подигнале извесни Зоил, син на Диоскурид и Касандра, ќерка на Касандар, по желба на нивната ќерка Александра, која во тоа време живеела во Пела. Жртвеникот е посветен на божицата Артемида Ефеска.

Претпоставката е дека кај Кокре постоел храм посветен на оваа божица. Ако се знае дека Артемида, освен божица на ловот е и вечна девица, заштитничка на бракот, може да се претпостави дека со посветата, која е  желба на извесна Александра, се бара милост и заштита од божицата со молба за лесно породување, или можеби, среќа во бракот, кој оваа девојка го воспоставила со некое момче од Пела. Од натписот е јасно дека Александра го подарува споменикот со посвета на нејзините родители.

Најголемиот храм на Артемида се наоѓа во Мала Азија во градот Ефес. Б бил изгорен, а Александар Македонски наредил храмот да се обнови.

P5270260-v1-225x300Во рамките на црквата Св. Архангел во Кокре и во нејзиниот двор има и други споменици од антиката, кои со својата обработка и присутните релјефи на нивните површини, го предизвикуваат духот. Привлекуваат две мермерни плочи со релјефи, вградени во камбанаријата. Тие се со висина од 1,5 м и ширина од околу 0,7 м. Едната содржи фигура на маж во стоечка положба, облечен во римска тога, а на другата жена во долга женска облека, со долга коса или со некој вид наметка на главата. Двете плочи се без натпис и не се знаат  претставените личностите. Импозантната претстава и нагласеното чувство за естетика не може да се прескокне. Упатуваат на личности од повисокиот слој на општеството од првите векови на новата ера. По многу особини се ретки споменици. Веројатно е дека претставите се поврзани и со имињата споменати на претходно споменатиот натпис.

Во дворот на црквата има други траги од минатотоТаков е домородниот камен со правоаголна форма, од едната страна рамно измазнет, а од другата со вдлабена форма и со надолжен отвор во средината. Според археолозите, дел од направа за обработка на руда. Кај Кокре се наоѓаат зачудувачки голем број мермерни елементи, кои ја поткрепуваат претпоставката дека постоел антички храм, можеби посветен на божицата Артемида.

www.pelagon.mk

Loading