БИСТРА ВОДА В РЕКА

Во функција пречистителната станица

DSC 0854

Предадена е во употреба пречистителната станица за отпадни води. Градоначалникот Илија Јованоски рече дека со пуштањето на станицата, почната со градба во 2008 година, Прилеп исполни дел од обврските за заштита на животната средина.

-Се пречистуваат отпадните и фекалните води. Во Црна Река нема повеќе да се слеваат фекалии. Земјоделците ќе можат да полеваат со чиста вода, а граѓаните да купуваат еколошки чисти производи на пазарите. Пречистителната станица ќе го чуваа биодиверзитетот и биолошката разновидност – рече градоначалникот Илија Јованоски.

Министерството за животна средина ќе му го предаде комплексот на Општината, која подоцна ќе го додели на управување на ЈКП Водовод и канализација.

Премиерот Зоран Заев констатира дека Прилеп добива значаен инфраструктурен објект за заштита и унапредување на животната средина и здравјето на луѓето.

-Вредноста на проектот е околу 23 милиони евра, од кои 17,5 милиони се од ЕУ, а остатокот од државниот буџет. Цел е полесно да постигнуваме партнерство со ЕУ – изјави Заев.

Шефот на Делегацијата на ЕУ во Македонија, Самуел Жбогар рече дека ваквите проекти се суштината на поддршката на ЕУ.Тие носат директна корист и ја носат европската иднина.

prec

-Ова е најголемата и најубавата пречистителна станица во Македонија, која вклучува 60 км канализациска мрежа кажа Жбогар.

На предавањето во употреба на објектот со модерна технологија говореа и министерот за финансии Драган Тевдовски и заменик министерот за животна средина и просторно планирање, Јани Макрадули. 

Loading