За најатрактивни екипажи беа прогласени двата прилепски тима со теренски возила кои учествуваа на OFF road trofi Стара Загора во Бугарија. Браќата Игор и Петар Трајкоски и екипажот на Лало Милошески со Панчо Чупаркоски со Змоти, (адаптирани теренци) покажаа дека низ непроодните терени се најумешни возачи во совладувањето на бариерите на кал, нагорните, гранки, стебла и кривини. Со силните мотори на возилата, тие ја претставија Македонија меѓу триесетина тима од Балканот на традиционалното ревијално возење на манифестацијата кај Источниот сосед.