БУЛДОЖЕР ВО ЗАПОЛШКИОТ ЛОКАЛИТЕТ

204-111-02-768x576-1

На неколку километри од градот, скриена меѓу ридот Шаторов Камен и Дренска планина се наоѓаат зелени ливади и шума од дабје, лески, јасен и други видови дрвја, познато како Заполшко. Името е по преданието поврзано со турскиот период, кога во долината било расположено селото Заполжани. Поради грабнување на некоја убава девојка од Турците, селото било испустено. Жителите се отселиле во денешното Заполжани во Пелагонија.

Како остаток од селото се забележува дел од градба со средна големина, целосно разорена со машина и алат како резултат на нечија потрага по скриено богатство. При грубите зафати, непознатите лица откриле делови од ѕидовите на градбата, разнви градежни материјали од камен и керамика и неколку фрагменти од столбови, една база од помал столб и други камени блокови. На руината се среќаваат и фрагменти од помали и поголеми керамички садови. На местото уште се има остатоци од ѕид. Во внатрешниот простор вниманието го привлекуваат мермерните елементи и убаво обработените камени блокови од гранит или друг камен. За селото сведочат други остатоци од населбата, како поголеми и помали грамади, фрагменти од керамички садови и од тегули, питоси и сл. Некои поголеми камени плочи упатуваат на тоа дека градбата била стара црква. Покрај урнатините има остатоци од гробови. Трагачите, со машината, влегле целосно го раскопале внатрешниот дел, барајќи нешто, што и тие не знаеле. Не е познато дали нешто однесле, но не е исклучено да заминале со богатство. Посебно е раскопан делот на олтарот, од каде се откопани и фрагментите од поголеми мермерни столбови, при што делумно ги искршиле.

Loading