ПРИЛЕП ВО „АФЕРАТА“ МИС СТОН

pismo-2

Во минатото нашиот град играл важна улога во народните судбини, антиката (Керамија, Линкестите), богомилстото, отпорот против Османлиите, против грчките фанаристи, народноослободителната борба 41, 2001 година, дури идејата за создавање на ВМРО е замислена во Прилеп. ,,Конзерватизмот,, на прилепчани започнал брзо да отстапува пред неопходноста за света народна борба.

Мис Елена Стон е истакната протестантска мисионерка, од САД. Била назначена во Солун да води евангелистичка мисија. Нејзината придружничка била Катерина (Стефанова) Цилке, родум од Банско, со сопругот Глигор Цилке, Албанец од Корча. Пиринските Македонци на Јане Сандански ја исфрлиле сатрашната идеја за пленување на некого заради откуп. Гоце Делчев бил воздржан од морални причини, иако на шега велел – ,,Галите стрелаа, дури и по небото (боговите), кога тоа испраќа молскавици,,. На крајот се согласил, но под два услова: На запленетиот да не му се случи ништо и да не се жртвува ниту едно македонско селце. И нашиот сограѓанин Ѓорче Петров се изјаснил против грабнуањето, зашто не верувал дека може да се дојде до поголема сума. Грабнувањето на Мис Стон со придружничката се случило на 30 септември 1901 г. Откупот бил договорен со американскиот амбасадор Лејшман, за 66 илјади долари (15000 турски лири), во злато од 80 оки или 150 килограми. Во четата која ги чувала грабнатите бил и Спиро Петров од Прилеп. Според Јане Сандански, тој бил трговец. Го споменуваат како чудесен песнопоец и имитатор на славеево чуруликање. Спиро загинал во деновите на Илинденското востание во мелничко, како соборец на Сандански. Заедно со Спиро, во четата која ги чувала грабнатите, бил и Стефан Мандалов од гевгелиско. Во ликот на Манданата во филмот Мис Стон дефакто се крие Спиро Петров со модифицирано име Стефан Мандалов. Биографските анализи покажуваат дека Спиро Петров е брат на Ѓорче Петров, син на даскалот Петре од прилепското село Тројаци.

За ,,аферата,, пишувале најтиражните софиски весници со коментари од истакнати политичари, меѓу кои и познатиот етнограф, професор во солунската гимназија, Васил Кнчов, кој, уште во тие години, бил министер за просвета на Бугарија. Пушувал дека зад грабнувањето на Мис Стон стојат разбојници од Македонија, од кои тешко страда и бугарското кнежевство. Ваквите написи ги пренесувал и светскиот печат. Поради навредливите написи, познатиот прилепски деец, кој се школувал во Солун, Глигур Попов, предложил Васил Кнчов да биде убиен. Убиството го извршил прилепскиот револуционер Каранџулов. Кнчов бил убиен во министерскиот кабинет во февруари 1902 г. Каранџулов бил поранешен ученик на Кнчов во солунската гимназија.

Дури и самата Мис Стон се изјаснила дека грабнувачите не биле разбојници, туку македонски револуционери, кои го обвинуваат османлискиот режим во Македонија. Оваа афера се споредува со подвгигот на Солунските атентатори, макар што македонските револуционери не ни помислувале на саможртвување. Тие се борела да победат, а не да изгорат во пламенот на нивното дело.  

Прим. Д-р. Благоја Дамески

Loading