СЕ БАРА КОНСУЛТАНТ ЗА ПРОДАЖБА НА ЕУРОКОМПОЗИТ

Државата бара меѓународни консултанти кои ќе изработат документација за приватизација на три државни фирми меѓу кои е и загубарот Еурокомпозит. Со тендерот ќе се избере консултантска куќа од редот на најголемите за да подготват валидни извештаи, атрактивни за потенцијалните странски инвеститори.

Вицепремиерот Кочо Анѓушев смета дека за Еурокомпозит има заинтересирани инвеститори и ќе биде потребен и поголем број од вработените. 

Во Еурокомпозит немаат земено 17 плати, а на 260-те вработени не им се платен придонесите од јуни 2012 година. Работниците штрајкуваа неколку наврати. Со шатори пред Владата беа на 3 мај кога добија ветување од премиерот Заев дека брзо ќе започне постапка за прогласување на технолошки вишок на 100 вработени.

Новиот генерален директор Златко Граороски, кој беше назначен на 21 мај, уште не ги обелоденува плановите за рехабилитација на компанијата.

Loading