НАГРАДЕНИ НАЈДОБРИТЕ МАТУРАНТИ

5 maturanti 12

Марија Спиркоска од СОУ „Орде Чопела”, Христијан Ржаникоски од гимназијата „Мирче Ацев”, Марија Цветаноска од СОУ „Кузман Јосифоски- Питу”, Давид Лазароски од СОУ „Ристе Ристески – Ричко” и Марина Талеска од СОУ „Ѓорче Петров”, се 5- те најдобри прилепски матуранти во учебната 2017/2018 година. Градоначалникот Илија Јованоски им додели парична награда од по 6.000 денари, истакнувајќи дека првенците на генерацијата градат успешна иднина и достигнуваат видни резултати на патот на својот професионален развој.

Јованоски најави дека ќе организира еднодневна екскурзија во Охрид за најдобрите ученици од сите основни училишта во градот и населените места со цел учениците да се запознааат и со дел од културното наследство.

Loading