ДУХОВДЕН – ЕДИНСТВЕНИОТ ДЕН ЗА ОДМОР НА ФРИЗЕРИТЕ

frizeri

Прилепските стилисти, фризери, бербери и козметичари положија свежо цвеќе на Могилата на непобедените за патрониот празник, Духовден. Положија цвеќе и на спомениците на двајцата првоборци, партизани кои по професија биле бербери. Традоционалното присуствуваа на светата божествена литургија во црквата „Св. Кирил и Методиј”.

Домаќинот Виктор Дамески организацијата за в година му ја препушти на Дарко Костадиноски. Веруваат дека патрониот празник ќе им донесе здравје, среќа и бериќет, дека ќе им помогне да бидат поуспешни и поквалитетни во занаетот.

Loading