ПЕНЗИОНЕРИ – ПРВАЦИ ВО БИТОЛА

На 24-тите регионални пензионерски спортски натпревари во Битола прилепските спортски настроени членови на Здружението на пензионери го освоија екипно првото место и се квалификуваа за учество на годинашните државно првенство во септември во Скопје. Прилепчани се прваци во 11 дисциплини. Први места се заземени во скок во далечина – мажи, трчање над 60 години-мажи и жени, потоа тргање на јаже мажи и жени, пикадо-мажи, табла мажи и жени, фрлање ѓуле-мажи, шах-жени и гаѓање со воздушна пушка-мажи. Високите резултати се очекува да бидат потврдени и во државната конкуренција наесен.           

Loading