БЕСПЛАТНА СПОРТСКА ОПРЕМА И ЧЛЕНАРИНИ

Со акцијата „Здраво шампиони

kristina

Бесплатна спортска опрема и членарини во спортските клубови, ќе добијат децата кои живеат во социјален ризик преку Здружението „Проект среќа“ на Кристина Арнаудова. Акцијата „Здраво шампиони“  е наменета за сите деца од Македонија кои сакаат да се занимаваат со спорт, сакаат да одат на тренинзи, но немаат опрема и услови.  Производителите и дистрибутерите на спортска опрема, пријавувањето за донации може да го направат на фејсбук страницата „Проект среќа“ а овој пат и училиштата, и спортските клубови ќе можат да пријавуваат деца за кои мислат дека ваква помош им е добредојдена.

Акцијата „Здраво шампиони“ ќе трае до почетокот на јуни.

Освен ова, почна проектот „Среќно матуранти“ за сите матуранти, полуматуранти и апсолвенти кои не можат да си  го дозволат веселиот чин.

Loading