Со акцијата „Здраво шампиони“
Бесплатна спортска опрема и членарини во спортските клубови, ќе добијат децата кои живеат во социјален ризик преку Здружението „Проект среќа“ на Кристина Арнаудова. Акцијата „Здраво шампиони“ е наменета за сите деца од Македонија кои сакаат да се занимаваат со спорт, сакаат да одат на тренинзи, но немаат опрема и услови. Производителите и дистрибутерите на спортска опрема, пријавувањето за донации може да го направат на фејсбук страницата „Проект среќа“ а овој пат и училиштата, и спортските клубови ќе можат да пријавуваат деца за кои мислат дека ваква помош им е добредојдена.
Акцијата „Здраво шампиони“ ќе трае до почетокот на јуни.
Освен ова, почна проектот „Среќно матуранти“ за сите матуранти, полуматуранти и апсолвенти кои не можат да си го дозволат веселиот чин.