СПОРТУВАА 5000 ПРИЛЕПЧАНИ

Историја

Во ноември 1975 година излезе извештај за спортот во општина Прилеп за претходните пет години. Ако во 1971 година имало 3000 активни спортисти, во 1975 година бројот се зголемува на 5000. Раст е забележан и во бројот на клубови, од 30 на 50. Финансиските средства за спортска намена се поголеми за петпати, од 651 илјада динари на 3,5 милиони. Подобрена е инфраструктурата: изградена Универзална сала, реконструирани фудбалски терени, на стадионот ,,Г. Делчев” и на Спортскиот центар, поставени греење во ДТВ ,,Партизан” и изградена пингпонгарска сала.

Loading