ТРИ ИПОЛ МЕСЕЦИ СЕ ЧЕКА ТРИУМФ

Фудбал

Судиски грешки, отсуство на спортска среќа, пресилен противник, сето ова се причини што доведоа Победа да нема триумф пролетва во Првата лига. Прво беше ремито со Пелистер (1-1), па поразот од Вардар (3-0), ремито со Шкупи (3-3) и поразот од Шкендија (3-0). Премногу се чека на триумф, ако се знае дека последниот беше на 26 ноември од 0-1 на гости кај Скопје. Во меѓувреме се одиграа 6 првенствени плус 7 пријателски и веќе редно е в недела во Битола да се совлада Академија Пандев. Се освен три бода е неуспех.

Табела: Шкендија 56, Вардар 42, Силекс 35, Работнички и Шкупи по 28, А. Пандев 27, Ренова 22, Пелистер и Победа по 21, Скопје 16.

Loading