УСПЕХ НА СТАНОЈОСКИ И ЅВЕЗДАКОСКИ

Шах

Еднодневниот рапид турнир на Алкалоид во Скопје беше успешен за прилепчаните. Велемајсторот Звонко Станојоски го освои 10 место, со 7 поени, колку што има вториот, велемајсторот од Србија, Борко Лајтхајм, а еден поен помалку од првиот, интермајсторот Филип Панчевски. Прилепчанецот постигна 7 победи и 2 пораза. Неговиот ученик, Матеј Ѕвездакоски, со освоени 5 поени беше прогласен за најдобар меѓу играчите до 14 години.

Учествуваа 187 шахисти.

Loading