АКАДЕМИЈА И ЦВЕЌЕ ЗА АЦЕВ

СОУ Гимназија „Мирче Ацев

8 Pocit za herojot Mirce Acev

Годинава, на четврти јануари гимназијата „Мирче Ацев“ со низа активности го одбележа патрониот празник. Активностите започнаа со полагање на цвеќе на Могилата на непобедените и на Алејата на хероите и давање на почит на херојот Мирче Ацев и загинатите борци за слобода на македонскиот народ. Делегации од Гимназијата, Локалната самоуправа, Гарнизонот „Мирче Ацев” и Сојузот на борците положија цвеќе на бистата на Мирче Ацев во гимназискиот двор. И во касарната „Мирче Ацев”исто беше положено цвеќе на бистата на херојот. Со музички и рецитаторски точки се претставија учениците пред пред војниците.

Директорот Димче Настоски на свечена академија имаше обраќање, по што следеше пригодна програма подготвена од учениците и професорите. Настапи училишниот хор под менторство и диригентство на д-р Татјана Ивановска, кој се претстави со хорските изведби на Химната на Република Македонија, песните „Две лири” и „Месечина” и спиритуалот „Soon I will be done“. Евгениј Темелкоски  и Александра Илиеска со точката „Љубов, борба, живот” не запознаа со животот и делото на Мирче Ацев. Ментор им е проф.Емона Јованоска. Стефанија Стефаноска и Марио Велковски настапија со „Кога љубовта пристигнува”. Ментор им е проф. Мартин Наумоски. Со музичката точка „Resiste!” (Бори се!) на француски јазик се претставија Анастазија Христоска, Ангела Зероска, Марија Андоноска и Ведрана Петреска. Ментор им е проф. Мирјана Бошковска. Михаиловска Елеонора, Неделкоски Иван, Митревска Леона и Милески Мартин се претставија со поетски разговори на тема „Љубов”. Ментори им се проф. Весна Михаиловска и проф. Лидија Тошеска. Следуваа неколку музички точки и тоа: Деспина Јованоска ја пееше песната „I have nothing“; Тумбоски Никола на кларинет и Ристеска Мила на флејта се претставија со изведба на „Sicret garden”; Антонио Николоски ја отпеа песната „Кажи ми кажи”; Теодора Димеска придружувана од Кирил Кузманоски на гитара ја испеа песната „Не заборавај”. Андреј Танески и Бранислав Попоски на гитари, Стефан Костоски на клавијатури и Илија Бозоски на труба инструментално ја интерпретираа песната „Stand by me“. Ментор на сите споменати музички точки им е проф. д-р. Татјана Ивановска.

Координатор беше проф. Емона Јованоска. Сценографијата беше на проф. Марта Макеска и проф. Александар Џинго. Техничката и организациската поддршка беше на проф. Николче Богданоски. За патрониот празник реализирани беа спортски натпревари, ликовна изложба и поетска вечер.

Loading