ДЕКЕМВРИСКИ ВИКЕНД НА ПАРАГЛАЈДЕРИСТИ

На 9 и 10 декември Прилеп ќе  биде домаќин на меѓународниот ревијален натпревар во параглајдерство, во дисциплината прецизно слетување насловен, „Прилеп Опен“. Според Златко Спиркоски, секретар на клубот за екстремни спортови “Skyriders” кој е организатор, манифестацијата претендира на развој на параглјадерството и повисоко рангиран натпревар.

– Местото уште не е одредено поради времето. Предложени се Крушево, Трескавец и Топташ. Натпреварот е во декември, бидејќи нашиот клуб одбележува јубилеј, 25 години. Прилеп и Пелагонија овозможуваат најдобри услови за параглајдерството кое не е само спорт, туку и туризам – вели Спиркоски.

Секоја година пелагонискиот регион го посетуваат од 1500 до 2 000 странски параглајдеристи.

В година ќе се одржи предсветско првенство во крос-кантри, а во 2019 година во Крушево ќе се одржи Светското првенство во крос-кантри, што е еден од највисоките натпревари.    

Loading