Кај раскрсницата Чумовчани
Околу 1500 пензионери од месните заедници Корзо и Сточен пазар добијаа нов клуб од 50 м2 за средби кај раскрсницата Чумовчани. Ова е 11-ти клуб во Прилеп и селата Долнени и Кривогаштани.
– Просторијата ја купивме и уредивме со средства на пензионерите од градов и селата. Инвестиравме околу 35 илјади евра да создадеме катче за пријатен престој за дел од луѓето од третото доба. Планираме клуб и во Варош, а наскоро и во селата Ропотово и Обршани – истакна Кирил Ѓоргиоски, претеседателот на прилепските пензионери.
На отворањето присуствуваше и градоначалникот Илија Јованоски,кој беше почестен со приредба на членовите на КУД Пензионер.