79 ФИДАНКИ НА ДЕРВЕН

2 planinari

Дваесетина планинари на здружението Козјак секоја година ја одбележуваат годишнината со нови садници дрвја во околината на изгорениот планинарски дом Дервен. И годинава беа верни на традицијата. Наместо да уживаат во патеките украсено во есенска руба на овој секогаш нов терен, ги зедоа копачите, дуриите и лопатите, набавија садници и засадија 79 фиданки во знак на 79 годишнината од постоењето на друштвото.

– Секоја година ја озеленуваме околината на домот. Некои невоспитани граѓани ги корнат садниците. Сепак некои од растенијата одолеваат на крадците и веќе виреат во дворот на планинарскиот храм без покрив – вели Методија Ризанкоски.

Завршницата на садењето и одбележувањето на годишнината љуботелите на природата ја прават со заедничка трпеза со грав.   

Loading