ОУ „Гоце Делчев“
Учениците од ОУ „Гоце Делчев“ постигнаа високи резултати на научната манифестација „Ноември – месец на науката“, која ги популаризира природните науки, хемијата, физиката, биологијата, географијата и математиката. Хемичарите, предводени од наставничката Кети Иваноска, освоија куп награди во конкуренција од стотина ученици.
– Адела Еленин освои втора награда, а Теа Апостолоска трета награда, во категорија осмоодделенци, додека Александар Василески и Елена Мијоска освоија трета награда, а Теодор Весковски се искачи на врвот со освојување на првата награда. Очекував учениците да бидат наградени и успејаа. Работеа со голем ентузијазам и посветеност – вели Иваноска.
На манифестацијата учествуваше и Марија Јошеска која го освои третото место во физика, под менторство на наставничката Соња Димовска.
Настанот, во организација на повеќе асоцијации, се одржа на Природно математичкиот факултет во Скопје.