ОБУКИ ВО ПРАГА И ХЕЛСИНКИ

СОУ Гимназија „Мирче Ацев

4 Proekt TIME na gimnazijata

На обуки во Прага и во Хелсинки, меѓу наставници од Италија, Романија, Полска, Грција, Шпанија, Австрија, Турција, Унгарија и Чешка, учествуваа и претставниците од гимназијата. Петте мобилности на наставниците од СОУ “Мирче Ацев” се во рамките на проектот Т.И.М.Е.-Towards Innovative Methods in Education од ЕРАСМУС+ програмата, поддржана од ЕУ и менаџиран од Националната агенција за европски образовни програми и мобилност.

Професорите се вклучени во обуката каде низ 10 модули, преку конкретни примери на работилници и интерактивно учење ги дополнија своите знаења со иновативни пристапи кон наставата за поттикнување на креативност, организирање проекти, интегрирање на учениците од малцинствата и користење на ИКТ како алатка за развој на критичко размислување. Професорите Габриела Пацаноска и Николче Богданоски престојуваа во Прага, професорите Марина Попоска, Анкица Стеваноска Јанческа и Кети Ефремоска во Хелсинки. И двете обуки беа со наслов „Innovative Approaches to Teaching“.

Со размената на искуства и обуки за нови методи и техники во наставата се подобрува квалитетот, а учениците се во тек со европските и светските тенденции во образованието. 

Loading