ВО ДОМОТ НА КОНЕСКИ

ОУ „Климент Охридски

2 Vo kukjata na Koneski

Учениците од ОУ „Климент Охридски“ ја посетија спомен куќата на Блаже Конески. Во Небрегово беа во рамките на Месецот на книгата заедно со учениците од дополнителните секции по македонски јазик од ОУ „Даме Груев“ од Битола и ЦОУ „Ѓорче Петров“ од селото Ропотово. Тие изведоа приредба, посветена на Конески. Рецитираа песни, зборуваа за неговиот живот и творештво и се вклучија во интереактивна работилница во која од стихови од песните на Конески создаваа нови песни: „Од Конески за Конески”.

Учениците се запознаа со значењето на Конески и со важноста да се негува јазикот и да се следи примерот на великанот.

Средбата ја реализираа наставничките Билјана Герас, Јулијана Талеска, Соња Кироваков и Ленче Богоевска.

На враќање, гостите од Битола го посетија  ОУ „Климент Охридски”. 

Loading