КОНТЕЈНЕРИ ЗА СТАКЛО

IMG 5979

Поставени се 15-тина специјализирани контејнери за собирање на стаклена амбалажа. Лоцирани се околу угостителските објекти и централното градско подрачје, каде се проценува дека заради кафулињата и кафеаните се одлагаат поголеми количини на стаклена амбалажа. Со вака поставениот принцип на интегрирано управување со отпад, Општината, во соработка со колективниот постапувач со отпад од пакување Пакомак и ЈКП Комуналец, ги исполнува законските обврски и придонесува за зачувување на животната средина.

Комуналец ќе почне и со распределба на канти за отпадоци за домаќинствата во населбата Тризла. Веќе се набавени нови 1.000 корпи во зелена боја за одлагање на комунален отпад и жолти канти за селектиран отпад. Досега се распределени 20 илјади канти за селекција на отпад со инвестиција од 24 милиони денари.

15 ИГЛО

Специјалните, игло контејнери за стаклена амбалажа, се посебно обележани и ги има на 15 локации:

–           Пункт Могила/хотел Салида ,

–           Хотел Кристал Палас,

–           Градски пазар кај џамијата,

–           Кај ОУ „Кочо Рацин” до контејнерите за селекција од предна страна кај градски пазар,

–           Градски пазар, кај нова катна гаража,

–           Пункт кај тринаесет катницата,

–           Кај Старо радио Прилеп,

–           Здравствен дом или уред,

–           Во Точила под ОУ „Блаже Конески” до бетонската ограда за цела населба,

–           Кај хотел Липа, последен пункт до барака пошта,

–           Ул. „Димо Наредникот” за цела населба кај мостот,

–           Кај мостот кај стара автобуска,

–           ЦК „Марко Цепенков”,

–           Пункт зграда „Табана” пред мостот и пункт на ул. „Александар Македонски”, прв пункт од кружен тек.

Loading